Како една млада девојка ја доживува својата прва посета на стадионот Маракана?

Имам само една тренерка. Долен дел, црн, памучен. Најк ми се чини, не знам. Ја носам само по дома. Немам ниту патики. Добро имам некои црни со линии од средно школо, сеуште се нови и ги носам само кога го шетам кучето или кога врне дожд. Добро еве ќе признаам, имам и бели кожни Г-јунит патики купени во Лондон 2002 година.Фан сум на дотичните уште од младите години. Секако дека нив не ги носам! Ги мачкам со млеко за тело, стојат во оригиналната кутија како украс. Кога ќе го разгледам ова, потполно е логично дека бев шокирана кога дечко ми ме покани да му правам друштво на фудбалски натпревар. Црвена Звезда и немам појма кој друг клуб. Мислам, реално што барам јас таму ?!!

 
Многу будали, дрогирани претпоставувам, урлаат додека таму некои дебили трчаат и ја шутираат една топка, не ги сакам навивачите, не го сакам фудбалот, ниту натпреварите, ниту играчите, не сакам гужва не ги сакам луѓето во ваков случај. Но ја сум добра девојка, мојот сакан е страстен навивач на Црвена Звезда и после пола ден убедување прифатив да бидам со спортски дух и да ја прифатам поканата. Попладне секако, одлучувам да се исфенирам. Немој не ти треба тоа – велеше тој.
Размислив малку, дуваше ветер, подобро тоа да го направам после натпреварот. Добро а што да облечам? Патики и тренерка, ми кажа смеејќи се. Добро, значи кожни чизми, хеланки и џемпер со ѕвездички.И тоа го решивме. Некаде около 18 часот влегов во купатилото да се нашминкам и доживеав нервен слом од него. Таму нема никој да те гледа, одиш на натпревар будало една – велеше тој. Секако дека нема да одам низ половина град како плашило. Ставив руменило и маскара, ја пакувам торбата и после една негова реченица повторно нервен слом. 

Што ќе ти е таа торба, каде ќе одиш?! Се согласив да одам помеѓу дивљаци, ненашминкана, никако облечена и неможам да понесам торба?! Со респект но таква идеа не ми паѓа на памет,без торба одам само во маркет или кога фрлам ѓубре. Како да сум гола без неа, разбираш? Ме гледа чудно. Не, тој не разбира. Сепак најдовме решение и јас прифатив да ја понесам неговата спортска торба која се става преку рамо а во неа може да се стави само телефон и клучот од станот. Во ред, поаѓаме. По пат сретнавме групи навивачи, деца, полу пијани, кои со сиот глас пеат навивачки песни, го пореметуваат јавниот ред и мир. Јас се чудам, а тој тивко се смее и го пее она што тие го пеат. И гледам ова ќе биде за паметење. Да нагласам дека никогаш претходно немам одено на стадион. Не само на Маракана, на ниту еден стадион. Не не се срамам, едноставно не сум таква. На влезот луѓето чекаат ред да влезат. Го замислив тоа малку на друг начин, по лудо. Срам да ми е. Секако стадионот полн, млади, деца, старци, секаков тип на луѓе. Ме гледаат чудно додека ја минувам гужвата и се извинувам ако некој случајно го удрам или згазнам. Каде одиме го прашав збунето, но тој ме погледна уште позбунето. Па на север, каде можеме. Со хулигани?!?! кажав зачудено, погласно него што сакав. Неколумина ме погледнаа и се насмеаа. Најдовме место на врвот на северна трибина каде што останатите веќе пееа и скандираа. Малку ми е незгодно, си мислам но тоа е затоа што незнам ниту една песна, движењата едвај ги правам како да не припаѓам тука.

А и зошто би припаѓала кога не ги сакам луѓето што одат по натпревари, скандираат, се тепаат, палат бакљи и слично. Зошто тоа? Опушти се и препушти се на групата – тивко ми шепна тој.

Ма да, како да не. Пратам спорт, навивам, се нервирам но преку ТВ а не вака. Гледам околу мене, луѓето скокаат, пеат, од исток и запад се гледаат блицеви како да треба нешто големо да направиме, како ние да сме побитни од самиот натпревар. Глупости. Натреварот започна, јас малку се опуштив, удирам со рацете, скокам, но молчам. Тоа траеше цели дваесет минути. Енергијата, еуфоријата и луѓето околу мене просто ме понесоа. Бев шокирана. Се гледам себе како скокам, пеам со целиот глас, ги пцујам судиите и учествувам во кореографијата. Немаше ниту еден инцидент. Немаше проблеми. 
Само 40 000 луѓе кои го бодрат својот тим со страст која не се гледа често. Не, не бев изненадена. Бев одушевена! Не бев при себе. Го сменив мислењето за некои работи. На пример за натпреварите, за навивањето, за луѓето кои тоа често го прават.
Ќе се покаев да седнавме на друга страна а не на север. Ќе се покаев да не дојдев. Лажам, не би ни знаела што ќе пропуштив, како што незнаев до сега. Јас на Маракана? Звучи чудно, но реално е. Сепак тоа беше покана која не се одбива!!Тектот е преведен од страната spinspiracija.wordpress.com, напишан од Мила Станиќ.
Извор. Македонски фан клуб на Црвена ЗвездаФан сум на дотичните уште од младите години. Секако дека нив не ги носам! Ги мачкам со млеко за тело, стојат во оригиналната кутија како украс. Ког

Пронајдете не на следниве мрежи: