Како ги поднесуваат деновите БЕЗ СЕКС: Раковите паѓаат во депресија, Скорпиите се агресивни…

Сексуалната апстиненција може да им се случи и на оние коишто имаат партнер, подеднакво како и на оние кои се во врска или брак. Додека некои луѓе можат да го поднесат недостатокот од секс без последици, на другите тоа им пречи и го менуваат однесувањето.Како вашиот хороскопски знак се носи со „сушните денови“?
Овенот станува нервозен без секс
Страстните Овни се ненаситни зависници од секс, така што дури ниту најкраткиот период на апстиненција не е прифатлива опција за овој знак. За почеток се тешат со порно филмови и со литература, но дури тогаш полудуваат и стануваат нервозни и жестоки.
Бикот успешно ја контролира сексуалната фрустрација
Биковите се алчни до болка, но успешно се контролираат и сокриваат. На страстните љубовници им треба малку повеќе време да се запалат, а потоа се незапирливи. Но, ако се долго без секс, неговата самоконтрола ќе попушти и сѐ ќе излезе на виделина. А кога Бикот ќе полуди, подобро е да му се тргнете од патот.
Близнаците тешко функционираат без секс
Близнаците се разиграни и љубопитни, сакаат секс и менување партнери, штом се наситат во некоја врска. За нив, сексот е важна форма на дружење, па кога немаат секс се чувствуваат дезориентирани и не можат да се концентрираат на нормалните дневни должности. Ќе се обидат што е можно поскоро да најдат нов партнер, користејќи ги сите видови на трикови.
Ракот паѓа во депресија
Раковите можат долго да апстинираат. Иако се многу еротски личности, затоа што немаат силна потреба за секс, попрво ќе бидат сами, отколку да влезат во врска само заради секс. На Раковите е исто толку важно да чувствуваат нешто за партнерот, како и самиот секс, така што едно без друго не одат. Но, предолго чекање ги носи во депресија.

Лавот размислува за секс 24 часа
На Лавовите сексот им е на ум по цел ден и целосно уживаат во него. Сексот за нив е и потврда за сопствената самопочит, па се фалат со цела уста и се покажуваат со што е можно повеќе партнери. Затоа, успешно ќе го прикријат недостатокот од секс и нема на нив да биде забележително дека тие се всушност, сосема изгорени.
Девицата е бесна и нервозна
Девиците се навидум ладни, а во сексот се прилично ненаситни. Како всушност сакаат нежност и мазење, апстиненцијата им паѓа многу тешко и стануваат кисели, непријатни и фитиљот им станува пократок, така што се многу непријатни за околината. Сексот за нив е поважен отколку емоционалната интимност.
Вагата може да стане промискуитетна
За Вагите осаменоста е најлошото нешто на светот, бидејќи тие се навистина зависници од љубов, кои често мешаат секс и љубов. Затоа им е многу тешко да се воздржат и да се помират со моменталната ситуација, така што не ретко се препуштаат на промискуитетот за да ги задоволат своите потреби.
Скорпијата станува наметлива
Скорпиите страдаат од синдромот на претеран секс, секогаш подготвени за нова битка помеѓу чаршавите. Ако нема секс, тие губат самоконтрола и стануваат целосно опседнати со секс, но и агресивни и нападни кон спротивниот пол. Ако ништо не помогне, ќе посегнат по друштвото на проститутки од двата пола.

Стрелецот не е зависник, но ќе прифати секс за една вечер
Стрелците сакаат секс во сите можни варијанти, но не се зависни, па за нив е нормално дали секс или не. Апстиненцијата ја поднесуваат одлично, бидејќи сексуалната енергија можат лесно да ја исфрлат со забава и спорт. Покрај тоа, за време на сушниот период јавно ќе го признаат тоа и ќе прават шеги на своја сметка.
Јарецот може да апстинира со месеци
Јарците се страсни и ненаситни, но исто така имаат самоконтрола. Не се зависни од секс, внимателно ги одбираат партнерите, па својот сексуален апетит можат да го стават настрана и да го згаснат кога ќе најдат партнер кој целосно им одговара.
Водолијата недостатокот од секс го надокнадува со забава
Водолиите не се зависни од ништо, дури ни од секс. Ако го нема, ќе се забавуваат со пријателите или на некој уникатен својствен начин и ќе чекаат сексот да се случи. Можат да се воздржат долго без каква било промена во однесувањето, а на потенцијалните партнери ќе им пристапат мирно и спокојно.
Рибите панично ја бараат сродната душа
Романтичните Риби се често жртви на нивните чувства кои влијаат на сексуалната активност. За нив сексот е исто што и љубовта и секогаш се вљубени во лицето со кое имаат секс. Имаат постојана потреба да бидат сакани, но кога ја немаат, започнува панична потрага за вистинскиот партнер. Во тие околности доста насилно го освојуваат спротивниот пол.

Пронајдете не на следниве мрежи: