Како луѓето ги користат таблетите?

Ви признавам, кога излезе iPad бев премногу скептичен за него, со оглед на тоа што свежо ги бевме прифатиле лаптопите како достојна замена за статичните компјутери.Дури во тоа време iPad го викав поголем iPhone без „hone“ делот, а со повеќе рекламa („ad“).
И да, јасно ми е кога доаѓа од некој што е Android и воопшто Linux корисник, ова и не е некое изненадување, но во денешно време таблетите се стигнати до тоа ниво што за обичните корисници може да заменат лаптоп.
Моето обвинување на почетокот беше до некаде точно, со оглед на тоа дека немаше апликации оптимизирани за таблет. А и не ја сфаќав поентата на тогашните тастатури кои се поврзуваа со таблетот. Денес е друга приказна – тастатурите се дизајнирани да се прилепат и во одредени случаи да се користат како футрола.
Сепак прашањето останува, како луѓето ги користат таблетите?
Обични корисници
Ова може да биде буквално  секој. На овој тип на корисници, таблетот им користи за гледање клипчиња на YouTube, за ажурирање статуси на социјалните мрежи, а воедно и следење на случувањата со нивните следбеници, играње игрички од време на време, слушање музика, или пак можеби им се допаѓа фактот дека каде и да одат, носат една огромна библиотека со книги со димензии помали од оние на просечна книга.
Повеќе за ова прочитајте на GSM.mkДури во тоа време iPad го викав поголем iPhone без „hone“ делот, а со повеќе рекламa („ad“).
И да, јасно ми е кога

Пронајдете не на следниве мрежи: