Во дваесеттиот век луѓето фантазирале за иднината, па некои од нив 2014 година ја замислувале со летечки автомобили и роботи. Но, 2014 година како да стигна премногу брзо па така голем дел до тие футуристички погледни за иднината не се остварија. Прочитајте за некои од идеите за иднината, која ние сега ја живееме.Ќе се формира „космичка цивилизација“ (1982)
„За 20 години постои можност да е формира космичка цивилизација“ напишала авторката Барбара Хабард. Нејзините тврдења се базирале врз колонизација на Месечината од страна на луѓето „но само ако го прекинеме процесот на уништување на животната средина и почнеме со нејзино создавање“
Ќе патуваме со летечки велосопеди (1909)
Францускиот писател Анри Жул Боа тврдел дека во 21 век луѓето на работа ќе одат по небото со летечки велосипеди. „Во градовите ќе биде гужва само во работното време. За време на викенд и на вечер сите ќе патуваат во селата“, „Њујорк Тајмс“ го цитирал Боа.
Буквите C, X и Q ќе излезат од употреба (1900)
„До 2000 година некои посебни букви ќе исчезнат од азбуката. Луѓето ќе престанат да ги користат буквите C, X и Q, поради тоа што веќе нема да му бидат потребни. Најраспространет јазик на светот ќе биде Англискиот, а Рускиот ќе биде на второ место.“ пишувало во часописот „Лејди хоум журнал“ од 1900 година.
Патувањето во вселената ќе биде достапно за секого (1952)
На научната конвенција од 1952 година, изнесена е претпоставка дека до 2000 година Земјата ќе стане пренаселена, патувањето во вселената практично ќе им биде достапно на сите.
Телевизорите ќе шират мирис (1950)
„Тродимензионалната телевизија ќе стане сосема секојдневна работа до 2000 година. Кога на екранот ќе се појави градина, собата автоматски ќе се исполни со мирис на цвеќиња“ пишувало во магазинот „Робесониан“ од Северна Каролина.
Сите видови на храна ќе бидат во облик на цигла (1950)
Валдемар Кемпфар, поранешни уредник на научната рубрика во „Њујорк Тајмс“ предвидувал дека во иднина храната ќе биде во облик на замрзнати цигла, а по потреба ќе се одмрзнува. „Готвењето како уметност ќе остане само во сеќавањето на старите луѓе.“
Луѓето ќе живеат во комуни (1972)
Магазинот во Висконсин навел дека во 2000 година луѓето ќе живеат во хипи комуни. Дневните активности на фамилијата ќе бидат во една просторија, сите ќе спијат во иста соба и ќе се бањаат во исто купатило.Ќе се формира „космичка цивилизација“ (1982)
„За 20 години постои можност да е формира космичка цивилиза