Како мажите го прикриваат неверството, а како жените?

Добро отворете ги очите: Интуицијата обично прва покажува дека нешто не е во ред, но можете ли да се потпрете само на неа?Даниел Гомез е приватен детектив кој напишал книга во која ги советува паровите како да излезат на крај со партнерот кој ги изневерува. Тој кажува дека постојат неколку вообичаени знаци на неверство и дека тие се разликуваат кај мажите и кај жените.
Предупредувачки знаци дека тој ве изневерува
Мажите се вистински мајстори во прикривање на неверство, а некои од знаците дека тие не ви се повеќе верни се следниве:1. Намален сексуален нагон. Кога машкото ќе се заинтересира за друга личност, неговата желба за партнерката се намалува.2. Повеќе внимава на својот изглед. Машкото кое сака да ја импресионира новата љубов поминува повеќе време во теретана, купува нова облека и вложува повеќе труд во својот изглед.3. Tроши повеќе. Доколку парите од домашниот буџет мистериозно исчезнуваат, може да станува збор за неверство.
4. Не го испушта телефонот од рака. Ако телефонот постојано му е заклучен или ако постојано го носи со себе и го крие од вашиот поглед, па и ако го чува под перница додека спие, нешто крие.5. Промени во автомобилот. Ако километражата необјасниво се зголемила или доколку наоѓате чудни работи во неговиот автомобил, тогаш нешто не е во ред. Уште еден знак е сувозачкото седиште. Доколку е поместено во друга положба бидете сигурни дека тука можеби седела вашата соперничка.
 

Предупредувачки знаци дека таа ве изневерува
Мажите често не ги ни забележуваат знаците бидејќи тие мамат поинаку од жените. Но еве како жените го кријат неверството:1. Поминува повеќе време со другарките. Доколку одеднаш таа почнува повеќе време да поминува со пријателките, големи се шансите дека тоа и' е само изговор, а всушност се гледа со друго момче.2. Повеќе вежба. Мажите се трудат да го пдообрат целосниот изглед, а жените кога изневеруваат се грижат повеќе за изгледот на своето тело.
3. Нов профил на Фејсбук. Жените многу повеќе работат на тоа да ги сокријат доказите за неверство па наместо да ги кријат пораките или да го чистат инбоксот тие едноставно ќе направат нов профил кој ќе го користат за комуникација со љубовникот.Доколку се сомневате дека вашиот партнер/ка ве изневерува, Гомез советува дека пред да му дадете до знаење најдобро е да соберете докази. Без нив ништо нема да можете да докажете, а партнерот ќе стане уште повнимателен. Поради тоа само ќе си отежните да соберете докази.Даниел Гомез е приватен детектив кој напишал книга во која ги советува паровите како да излезат на крај со партнерот кој ги изневерува. Тој к

Пронајдете не на следниве мрежи: