Како медитираат хороскопските знаци?

Пишува: професионален астролог Снежана ШтрковскаИстражувачи на духовниот пат, заинтересирани за Зодијакот, добредојдовте на патот низ медитациите. Ова се астролошки медитации кои беа објавени како книга во далечната 1990 година. Сè што треба да сторите е да седнете или да легнете во удобна поза, да го олабавите умот и да почнете со замислување на зададените описи. Натаму – нека ве води Духот.
Општ дел со кој започнува медитацијата, и важи за сите знаци: Пред вас има мост од виножито. Вие се наоѓате од едната страна на таквиот мост. Наеднаш…(продолжете да го читате описот за вашиот знак)
Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте соларен хороскоп.
ОВЕН…здогледувате пред себе златно светло кое станува сè поголемо. Се приближувате до него: тоа се големи златни рогови, симболот на Овенот, на глава на еден млад дечко, чии раменици се прекриени со златно руно. Тој делува нестрпливо, и ви вели да го следите. Тргнувате по него без напор. Иако е темно, распознавате дека минувате низ шума. Ја чувствувате миризбата на влажната земја, и го слушате црцорењето на птиците. Се разденува, а вие стигнувате до една ливада, каде има поток кој извира среде ливадата. Преку потокот има дрвен мост. Духовниот водич, на кој не му го гледате лицето, ве чека од другата страна, и вие преминувате кон него. Можете да го прашувате што сакате. Момчето со златните рогови останува да го чека вашето враќање за да ве врати кај мостот од виножито.БИК…здогледувате женска фигура облечена во бело, која јава на бик. Жената застанува пред вас, се симнува од бикот, и ви вели да ја следите. Ноќ е, време кога првите светлини се појавуваат на небото. Минувате низ шума. Чекорите низ алеја со цвеќиња, а небото веќе е сино, и гледате гулаби кои летаат. Доаѓате до мал поток. Го минувате заедно, а потоа пред вас се отвора зелена ливада, каде во центарот има еден голем круг од камења. Го чувствувате пролетното ветре по лицето, и аромата на зумбули. Духовниот водач ве чека во центарот на кругот: тоа е повторно жена облечена во бела облека искитена со бисери и цвеќе. Ве кани да се придружите во центарот, и слободно да ја прашате сè што ве интересира. А девојката со бикот ќе ве чека да излезете од тој круг за да ве врати кај мостот од виножито.БЛИЗНАЦИ…здогледувате две деца кои ви се приближуваат. Си играат со златна топка. Едното е блефо со златна коса, а другото со темен тен. Тргнувате по нив, а тие цело време си ја додаваат топката додека ве водат. Ноќ е, а вие минувате покрај камења. Наеднаш сонцето е високо на небото, а вие се наоѓате на рид, од каде се гледа еден град. Стигнувате до градот, каде на влезот има две капии – златна и сребрена. Минувате низ капиите и следејќи ги децата што си играат, стигнувате до мал плоштад. Има луѓе, раздвижено е, и вие го слушате џагорот на градот. Стигнувате до еден храм кој има осум големи столбови, а во центарот базен. Таму е духовниот водич кој наликува на богот Хермес, а вие дојдовте да разговарате со него. Децата ќе ве чекаат кај столбовите, за да ве вратат кај мостот од виножито откако ќе завршите овде.
Повеќе на следниот ЛИНКИстражувачи на духовниот пат, заинтересирани за Зодијакот, добредојдовте на патот низ медитациите. Ова се астроло

Пронајдете не на следниве мрежи: