Како музиката влијае врз мозокот?!

Група на истражувачи дојдоа до заклучок дека постои врска помеѓу свирењето на одредени инструмени и развојот на човековиот мозок.Менторот на истражувањето Лутц Јенке смета дека талентот за свирење на одреден музички инструмент, без разлика дали станува збор за вроден или научен, ја менува структурата на мозокот на тој начин што се побрзо и подобро се развиваат когнитивните способностите и способностите за препознавање.
Поради тоа се препорачува користење на  музиката за подобрување на меморијата, изучување на странски јазик или едноставно за подобрување на расположението.
И покрај тоа што глобалната примена на музиката во невропсихологичките третмани не е доволно распространета, повеќе од јасно е дека областа на мозокот која се активира при музичките активности се развива паралелно и за другите активности.
Претходно, група на канадски психолози утврдиле дека по една година од занимавањето со музика кај децата се забележува поголема ментална продуктивност. Ова се однесува и на децата кои се музички анти – талентирани.
Во прилог на горенаведеното говори и незапирливата дискусија дека класичната музика го развива плодот уште за време на бременоста.
 Х.Н.Менторот на истражувањето Лутц Јенке смета дека талентот за свирење на одреден музички инструмент, бе

Пронајдете не на следниве мрежи: