Како најлесно да отстранете дамка од кафе?!

Како да ги отстранете непосакуваните дамки од облеката на најлесен и ефикасен начин. Еве ви совет:Иако ви се чини дека дамките од кафе на вашата облека и мебел никогаш нема да исчезнат од таму, постојат неколку начини да ги отстраните лесно и ефективно.
 На секој би можело да му се случи да истури кафе по облеката или мебелот, што е посебно незгодно доколку е светла. Но колку и да ви се чини нестварно може да исчезната.
-Дел од ткаенината на кој е дамката, прелијте или натопете ја во ладно млеко. Така натопена нека остане некое извесно време, а потоа ставете ја во перална.
-Флеката  може да ја премачкате со смеса направена од една жолчка јајце и глицерин. Валканото место истријте го со четка и исперете со млака вода.
-Додека е се уште влажна површината исперете ја со минерална газирана вода и флеката ќе исчезне. Секоја дамка најбрзо се отстранува кога веднаш се реагира.
-Средството за миење садови помешано со малку вода и сол е ефикасно за отстранување на флеки од кафе. Смесата треба да се нанеси на флеката со четка се додека не избели.

-Мешавина од оцет и алкохол во еднаква количина е исто така ефикасна. Истријте ја на валканото место, оставете кратко да отстои, а потоа исперете со ладна вода.
-За тврдокорни дамки на бела осетлива ткаенина, треба да употребите некое средство за чистење по дома, растворено во вода.
-Бела ткаенина со дамки може да се свари на старомоден начин. Ставете ја ткаенината во тенџере и ставете малку од детергентот за перење. Кога ќе зоврие, оставете да врие 15-20 минута, Почекајте да се излади водата, па ткаенината повторно исперете ја со чиста вода.Иако ви се чини дека дамките од кафе на вашата облека и мебел никогаш нема да исчезнат од таму, постојат неколку начини да ги отстраните лесно и еф

Пронајдете не на следниве мрежи: