Покрај тоа што на ги извршија некои од најголемите злосторства против човештвото, голем број нацисти успеаа да започнат нов живот во Америка, а некои од нив дури учествуваа во испраќање на првите луѓе на Месечината. Научниците кои работеа за американската влада се сметаа за драгоцени во САД ви периодот после Втората светска војна, а Вашингтон ги штител од последиците од нивното ужасно минато, пишува репортерот на Њујорк Тајмс, Ерик Лихтблау во својата нова книга „Нацисти во соседството: Како Америка стана засолниште на луѓето на Хитлер“.
Тој открива детали од државната програма на „Операцијата спојувалка“, која ги довела нацистите во научната заедница на Америка.
Меѓу доселениците од Третиот Рајх биле, сега покојниот, Вернхер фон Браун, кој се смета за легендарен научник на НАСА, а кој порано ја надгледуваше фабриката „Mittelwerk“, во која работеле робови и им помагал на нацистите да развијат нови проектили.
Уште еден контроверзен научник, д-р Хубертус Штругхолд и понатаму се смета за „татко на вселенската медицина“, а дури ја добил и престижната награда „Space Medicine Association“, и покрај тоа што во својата нацистичка кариера помагал во организирање на научни експерименти над луѓе во концентрацискиот камп „Dahau“.
Книгата на Лихтблау по прв пат ја илустрира политика која стоела позади проектите, вклучувајќи го притисокот на Белата куќа во тоа време, да се откажат од прогонување на злосторниците.
Лихтблау пишува дека сите во Вашингтон не се сложувале со овој проект. Напротив, Министерството за правда тајно работело на нивните случаи.
Тајниот тим од истражувачи, пишува Лихтблау, почнал да собира докази против доселениците од Германија на почетокот на 80-тите години, и покрај притисоците од највисоките кругови на власта.
Тимот дојде до критична точка, работејќи на случајот на покојниот Артур Рудолф, Германец кој и понатаму се смета за татко на ракетата Сатурн V, која Американците ги одведе на Месечината.
Според договорот, кој е склопен во самиот државен врв, Рудолф мораше да се откаже од американското државјанство и тивко да се врати во Германија во 1984 година.
Никогаш не е обвинет за воени злосторства и умре во Германија во 1989 година, а притоа никогаш не беше соочен за минатото.
После успехот со Рудолф, истражувачите на Министерството за правда го активирале тимот „Спојувалка“. Лихтблау пишува дека таа група во тајност отворала истрага за повеќе од 10 нацисти, кои станале американски научници.
Лути затоа што нивниот херој е протеран од земјата, заедницата од Хантсфил ја прекинала секоја соработка со истражувачите и побарала помош од моќните сојузници од Вашингтон, со чие лобирање Белата куќа го блокирала понатамошната работа на тимот.
На чело на лоби-групата бил Пет Бјукенон, советник на Реган и директор за комуникација на Белата куќа за време на вториот дел од истрагата „Спојувалка“.
Бјукенон ги бранеше научниците, тврдејќи дека се неправедно обвинети и дека сведоците меѓу жртвите биле неверодостојни.
Рудолф остана единствен успех на тимот на Министерството за правда. Иако истрагата била продолжена и во 21-от век, ниту еден друг научник-нацист не одговарал за своите злосторства. Научниците кои работеа за американската влада се сметаа за драгоцени во САД ви периодот после Втората светска војна, а Вашингтон ги штител од после