Како најчесто настанува болката во грбот?!

Повеќечасовното седење пред лаптоп е поштетно за грбот, рацете и вратот отколку седењето пред персонален компјутер каде што е прилагоден екранот и тастатурата за полесно работење. Но лаптопот не е единствен непријател на нашиот ‘рбет.И оние најздравите луѓе може да почувствуваат болка во грбот. Ова се главните причини за појавување на проблемот:
Спиење на стар душек – Квалитетот на добар душек трае меѓу 8 и 10 години. Ако не сте го смениле повеќе од десет години, постои шанса дека вашиот ‘рбет не ја добива потребната поддршка. Заменете го стариот душек со нов, кој нема да биде ни премногу мек ни премногу тврд.
Носење преголема чанти – Носењето на тешки чанти на едното рамо предизвикува нерамнотежа и искривување. Купете помал и полесен модел. Тежината на ташната не треба да биде потешка од 10 проценти од вашата телесна тежина.
Носење штикли или рамни обувки без соодветна поддршка – Превисоките потпетици го искривуваат вашиот грб и предизвикуваат притисок на зглобовите. И рамните обувки без соодветни влошки можат да предизвикаат оштетување поради попречувањето на природното движење, а со тоа и позицијата на ‘рбетот. Секој има своја идеална висина на потпетица, па и вие пронајдете ја вашата.
Ве следи лошо расположение и стрес – Луѓето кои полесно простуваат полесно се справуваат со лутина, депресија и болка. Емоциите влијаат на мускулната тензија, па мислите можат директно да влијаат на интензитетот на болката. Ако сте под стрес, тоа влијае на целото тело, вклучувајќи ги мускулите во вратот и грбот.

Седење по цел ден – Повеќето луѓе иако седат поголем дел од денот, тоа не го прават правилно. Покрај тоа, само седењето наназад предизвикува мускулна слабост поради неактивност, а седењето го зголемува за 50% повеќе притисок на грбот од стоење. Почесто станување и седењето за 130 степени навалени ќе се намали компресијата на дисковите на ‘рбетот. И секако бидете сигурни дека вашата глава е во согласност со телото.
Не доволно вежбање – Вежбите за горниот дел на грбот се клучни за посилна поддршка на вашиот грб. Во спротивност ќе чувствувате вкочанетост во мускулите, а ‘рбетот се искривува. Пливање и вежби кои го зајакнуваат вашиот грб и стомак се најдобри.
Зголемување на телесна тежина – Дебелината додава дополнителни оптоварувања на вашиот грб. Вишокот тежина околу средината на телото предизвикува повлекување на карлицата нанапред, што создава притисок на грбот. А луѓето со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Ако изгубите само 10% од телесната тежина може значително да ја подобри состојбата на вашиот грб.
Извор:365.com.mkИ оние најздравите луѓе може да почувствуваат болка во грбот. Ова се главните причини за појавување на проблемот:

Пронајдете не на следниве мрежи: