Како настанала песната „Билјана платно белеше“?

Нема Македонец кој не ја знае оваа песна. Во древниот Охрид, живеела Билјана, една преубава девојка. Секогаш кога излегувала таа зрачела со својата убавина, така што немало човек кој не се загледувал во неа. Еден ден отишла на изворите за да го избели платното. Откако го испрала во бистрите води таа го поставила на белиот песок да го суши.
Во тој момент тука поминувал караванот со 20 винари. Кога водачот ја забележал прекрасната Билјана, тој вчудоневиден од неа, го запрел караванот пред белото платно. Тогаш боженствено убавата Билјана им рекла – „Кротко терајте карванот, да не ми згазите платното“. Овие зборови се вткаени во охридската химна.

 
“Билјана платно белеше на охридските извори
Ми поминаа винари, винари белограѓани.
Винари белограѓани, да не ми платно згазите, платното ми е даровно, за свекор и за свекрва.
Билјано, моме убаво, ако ти платно згазиме со вино ќе го платиме, со вино лута ракија.
Винари, белограѓани, не ви го сакам виното, тук ви го сакам момчето што напред тера карванот и носи кепче над око.
Билјано моме убаво момчето ни е таксано за него вино носиме, вино и лута ракија.”Во древниот Охрид, живеела Билјана, една преубава девојка. Секогаш кога излегувала таа зрачела со својата убавина, така што немало човек кој не се

Пронајдете не на следниве мрежи: