Како пропадна тајното оружје на Тито кое чинеше четири милијарди долари

Некогаш најопремениот југословенски воен аеродром на Јосип Броз Тито, „Жељава“ кој е сместен длабоко во утробата на планината Пљешавица во близина на Бихаќ, денеска е пропаднат до целосна непрепознатливост.Дипломираниот инженер за радарски системи и потполковник на авијацијата во авио службата Иван Прша, вели дека военото здание изгледало импозантно во 1968 година, кога и официјално беше отворено.
– Тоа беше најсилниот воен аеродром во инфраструктурата на цела Југославија. Внатре беше сместена една бригада на авијацијата која броеше 60 авиони и повеќе од 3.000 луѓе, од кои имаше само 500 офицери, околу 900 подофицери и околу 2.000 војници. Имаше капацитет на опслужување на три авиобригади во случај на нужда. Беше совршена заштита од изненадни удари, почнува Прша.
Тој додава дека тоа бил најстрого чуваниот воен објект во поранешната држава.
Тогашната војска на Југославија на 17 мај 1992 година го минирала аеродромот со 56 тони експлозив и со тоа во потполност го онеспособила.
Премиерот на УСК Хамдија Липовача, во 2011 година ја најави можноста да изгради современ карго аеродром на оваа локација.
Но, поранешни офицери на ЈНА сметаат дека голем проблем претставуваат опасните отровни материи кои настанале во пожарот по минирањето.
„Остатоците од некогашниот аеродром се неупотребливи за било какви активности. Барем додека не се изврши деконтаминација на просторот.
Друг пробем е тоа што изработката на проектот е скапа, а странските инвеститори не сакаат да вложуваат се` додека не видат дека новиот карго аеродром ќе биде исплатлив.Дипломираниот инженер за радарски системи и потполковник на авијацијата во авио службата Иван Прша, вели дека военото здание изгледало импозантно в

Пронајдете не на следниве мрежи: