Како птиците комуницираат?

Папагалите и останатите птици комуницираат меѓусебно, но и со нивните сопственици, преку говорот на телото и гласот. Со набљудување на положбата на крилјата, клунот, очите и др. може да се открие што сака да ви пренесе птицата.Очи
За разлика од луѓето, птиците можат да го контролираат ширењето на зеницата на окото. Ако окото трепери, а зениците брзо се шират, птицата е возбудена и заинтересирана за тоа што го гледа или е лута, уплашена, па дури и агресивна.
Вокализација
Во дивината, птиците користат разни звуци како би ги предупредиле другите птици од јатото дека доаѓа опасност, како би нашле партнер за парење, за заштита на својата територија или за одржување на социјални контакти. Голем број од птиците се мошне гласн и тоа е еден од начинот да стапат во контакт со сопственикот и да привлечат внимание.
Положба на крилјата
Крилјата не служат само за летање, туку и за невербална комуникација.
Вртење со крилјата: може да значи лутина или дека птицата трпи болки.
Опуштени крилја покрај телото: честа појава кај младите птици додека не научат правилно да држат крилјата покрај телото. Ако постара птица ги држи крилјата опуштено покрај телото, тогаш е потребно да се консултира ветеринар.
Подигнување на крилјата: Ако птицата мавта со крилјата, тоа е сигнал дека сака внимание, што може да значи знак на среќа и радост.

Положба на нозете
Тапкањето со нозете во кафезот е знак на доминација над нивната територија. Ако птицата виси со главата надолу, значи дека е среќна и задоволна. Некои папагали не сакаат да се потпираат на нозете додека ги враќате во кафезот затоа што сакаат да бидат со вас. Оваа појава се нарекува „слаби нозе“.
Клун и глава
Клунот се користи за повеќе функции, од чистење до отворање на семки и ореви. Птиците го користат и како оружје, но и како алатка за изработка на гнездо. Птицата која бара внимание или е заинтересирана за нешто, често климнува со главата нагоре- надолу.Очи
За разлика од луѓето, птиците можат да го контролираат ширењето на зеницата на окото. Ако окото трепери, а зениците бр

Пронајдете не на следниве мрежи: