Како се бануваат луѓето ширум светот: Италијанецот веднаш ќе го засакате, а Кинезот ќе ве насмее до солзи!

Дали некогаш ве интересирало дали во Франција навистина се практикува француски бакнеж? Блејн Луди, американски продуцент, се запрашал за ова и затоа обиколил 11 земји ширум светот за 30 дена и направил романтично видео кое покажува како паровите се бакнуваат во различни делови од светот.Блејн ја обиколил Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Африка за да открие кој се бакнува нежно, кој стваствено а кој не дава повеќе од краток „цмок“. Почетна точка е Сиетл, каде момче и девојка делат класичен бакнеж среде полна улица.
Но, во Индија луѓето не се срамат да се впуштат во малку постраствен бакнеж, иако околу нив се наоѓаат илјадници луѓе.
Јапонците покажале дека страста не им е силна страна, па споделиле само еден краток бакнеж држејќи се за раце. Потоа и двајцата посрамено се насмеале, баш како на цртаните.
Австралијанците, од друга страна пак се бакнуваат повеќе од стравствено.
Но, Кинезите се убедливи победици- бидејќи момчето ја бакнало својата девојка во чело не сфаќајки дека треба да ја бакне во уста додека некој зад камерите не му дошепнал.
А потоа на сцена настапил Лоренцо од Италија. За ова зборовите се излишни.

Блејн ја обиколил Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Африка за да открие кој се бакнува нежно, кој стваствено а кој не дава повеќе од

Пронајдете не на следниве мрежи: