Што кога ќе го откриете неверството? Како да закрепнете од тој удар? Allan и Barbara Pease во книгата „Зошто мажите сакат само секс, а жените сонуваат за љубов“ откриваат како да се соочите со болката, да ја прекинете или повторно да ја изградите врската.Ако сакате да ја продолжите врската, или бракот по неверството, знајте дека повеќе никогаш нема да биде исто. Помирете се со тоа, работете многу и пробајте да го надминете тоа.
Ако се одлучите за раскинување, после првата болна реакција, бргу ќе се опоравите, но лечењето на раните ако сакате да останете во врска е период кога точно мора да знаете што треба да правите.
КомуницирајтеАко не разговарате за неверството и причините, никогаш нема да воспоставите однос. Искреноста е важна. Слободно поставувајте прашања дури и ако знаете дека одговорите нема да ви се допаднат. Нормално разговорот за неверството е болен, но е неопходен.
Без обвинувањеПрефрлањето на вината не е добро решение и нема да резултира со позитивен исход. Тоа го оневозможува откривањето на подлабоките проблеми кои најверојатно и се причината поради која дошло до неверството. Затоа – било да сте изневериле или ве изневериле, никогаш немојте да се занимавате со непотребни обвинувања.
Без избрзани одлукиНе е добро да се донесуваат одлуки додека сте сè уште во шок од неверството. Почекајте барем седум дена и добро размислете што ќе направите. Дури во таква состојба ќе бидете способни да донесете најдобра можна одлука за иднината на врската.
Преболете ја својата врскаВрската каква што сте ја имале пред сознанието за неверството повеќе ја нема и никогаш нема да се врати. Тоа е болно сознание и морате да го прифатите. Плачете, викајте и правете сè што ќе ви го олесни периодот на тагување.
ПишувајтеОва најмногу се однесува на мажите на кои им е тешко отворено да разговараат за своите стравови и емоции. Бидејќи разговорот не е убав, можно е да го направите и писмено. Напишете писмо, јасно изнесете ги чувствата и грижите.Ако сакате да ја продолжите врската, или бракот по неверството, знајте дека повеќе никогаш нема да биде исто. Помирете се со тоа, работете многу и
Пронајдете не на следниве мрежи: