Многу луѓе, како што почнуваат да влегуваат во своите средни години, забележуваат дека нивната меморија и ментална јасност веќе не се тоа што биле.Многу луѓе, како што почнуваат да влегуваат во своите средни години, забележуваат дека нивната меморија и ментална јасност веќе не се тоа што биле. Одеднаш не можеме да се сетиме каде сме ги оставиле клучевите момент порано, или на името на некој стар познајник или на омилениот бенд. Како што мозокот почнува да згаснува, се повеќе се среќаваме со ваквите моменти кои не потсетуваат на тоа дека веќе не сме во нашите најдобри години кога информациите ги впивавме со леснотија.
И додека ние овие појави ги прифаќаме како нешто вообичаено и не им придаваме големо значење, ова губење на менталниот фокус може да има и тоа какво влијание на нашиот професионален, социјален и приватен живот.
Навистина, им се случува на повеќето од нас, но дали е неизбежно?
Истражувањата на невролозите покажуваат дека може многу да се направи за да се спречи оваа појава. Всушност, според нив мозокот има потреба од вежби, исто како и нашите мускули и дека практикувањето на вистинските ментални вежби може значајно да ги подобри нашите основни когнитивни функции. Размислувањето во суштина, е процес на правење невролошки конекции во мозокот. До одреден степен, нашата способност за правење невролошки конекции е наследна, меѓутоа поради фактот што за поврзувањето на овие врски е потребно да се вложи напор и пракса, научниците веруваат дека интелегенцијата може да биде проширена и да варира во зависност од нашите ментални напори.
Новата компанија, од Сан Франциско оди чекор понатаму во однос на оваа проблематика и ја развива првата програма за “тренирање на мозокот” дизајнирана со цел да им помогне на луѓето да ја подобрат или повторно да ја стекнат изгубената фокусираност и оштрина којашто сме ја поседувале. Нивната програма, наречена Lumosity, е дизајнирана од водечките експерти од областа на невронауката и когнитивната психологија од универзитетот Стенфорд.
Lumosity е многу повеќе од онлајн место на коешто може да ги тренирате вашите ментални способности. Тоа е така затоа што тие ги интегрираат овие вежби во веб програма која со помош на интересни игри кои од вас бараат концентрација и внимание ви овозможува систематски да ја подобрувате вашата меморија и концентрација. Најважно, тие константно ги менуваат и ги надоградуваат игрите коишто ви овозможуваат да го развиете вашиот мозок и да стекнете многу предности кои понатака ќе ви овозможат моќна, јасна и сигурна акција на работното место, во извршувањето на некоја важна задача или во било која ситуација кога вашата брза, одлучна и логична реакција е единственото нешто кое може да ви помогне. Значи не станува збор за веб страна којашто ќе ја отворите еднаш, тие развиваат ефективна рутинска програма која може да ја користите секојдневно и е наменета конкретно за вас врз основа на аспектите коишто сакате да ги подобрите, кои сметате дека ви се најголема слабост и ќе ги наведите како најзначајни.
Дали навистина функционира?
Очигледно, да. Едно истражување покажува дека после користењето на Lumosity за шест недели студентите ги подобриле своите резултати на испитите по математика до 34% и имале значајно повисоки достигнувања од нивните колеги во истата група кои не ја користеле програмата.Компанијата вели дека корисниците репортирале појасни и побрзи размислувања, подобрена меморија за имиња, броеви, насоки, зголемена будност и свесност, подобро расположение и подобра концентрација при работата и возењето.
Додека поголем број од игрите на Lumosity се бесплатни, ако сакате да ја користите целосната програма за подолг временски период потребно е да издвоите скромна сума за претплатата. Во секој случај, моментално тие нудат бесплатна проба на нивната програма за новите корисници па може да проверите на кој начин работи оваа програма и колку може да ви помогне пред да се одлучите да се претплатите. Компанијата верува дека резултатите ќе зборуваат доволно за нив.
Кликнете тука за да се проверете себеси.
П.К.Многу луѓе, како што почнуваат да влегуваат во своите средни години, забележуваат дека нивната меморија и ментална јасност веќе не се тоа што биле.