четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како твитер и фејсбук ги пречекаа новите министри на Заев?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако на првата седница на Владата на Заев и СДСМ беа дефинирани ресорите во кои ќе делуваат министрите без ресор, реагираа социјалните мрежи.
Познатиот Мартин Толовски коментирајќи ги шпекулациите дека Самка Ибрахимовски ќе биде задолжен за странските инвестиции, се шегуваше во нему познат стил:
 

Не останаа покусо и другите твитерџии. Па така, еден од нив прашува дали официјалниот избор за министер за странски инвестиции, поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, знае странски јазик за да ја работи работата, давајќи му го надимакот „Рамизо“, како кованица од неговото име и презимето на човекот задолжен за странски инвестиции во Владата на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Мизо.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Бурни реакции предизвика и новото кадрово решение на Заев за позицијата Генерален секретар на Владата на Република Македонија во ликот и делото на професорот Драги Рашковски. За него „омаж“ имаше лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев.

Твитерџиите го коментираа и поставувањето на Едмонд Адеми за Минситер за дијаспора, прашувајќи дали човекот кој тврдеше дека „додека не се пролее крв по улиците, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“ ќе е министер за целата дијаспора, или главен фокус ќе биде ставен на дијаспората во Берн, Швајцарија, пред која Заев во предизборието ветуваше надминување на рамката на Охридскиот рамковен договор и низа други додворувачки ветувања.
 
Познатиот Мартин Толовски коментирајќи ги шпекулациите

Поврзани вести