среда, 25 ноември 2026
Најново
Мислење

Како вашата коса собрана во репче, да изгледа елегантно – Колумна на Александра Алекс Грујиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и свети. Денешната тема за која ќе разговараме е начинот како вашата коса собрана во репче да изгледа елегантно.Многумина сметаат дека репчето е брзо решение за фризура. Се согласувам. Меѓутоа колку и да изгледа репчето едноставна, практична и скромна фризура, може да изгледа и многу гламурозно и елегантно.
За да носите репче вашата коса треба да биде во одредена должина и минимално мора да достига до рамената. Репчето ви помага да го истакнете обликот на вашата глава, како и разните црти на вашето лице. За репчето да изгледа убаво, вашата коса мора да биде негувана. Краевите на косата мора да бидат убаво обликувани. Основното правило за негувана коса е тоа дека краевите мора редовно да бидат потскратувани, за косата секогаш да има убав и свеж изглед.
Некои од најубавите, најелегантни и најинтересни примери со врзана коса во репче се:
– Уредно натапирана коса собрана во репче кај тилот на главата изгледа феноменално. Со оваа фризура одлично одговара фустанче со отворен грб и аксесоар во вид на долги обетки.
– Залижана коса собрана во репче на средна висина. Земете еден подебел прамен од косата која е врзана во репче и обвијте го околу ластичето со кое сте ја врзале косата. Ваквата фризура изгледа фантастично.
– Коса собрана во репче на средна висина, доколку е сплетена во модерна плетенка може да изгледа прекрасно.
– Интересни се оние фризури каде косата е собрана во ниско репче од страна на главата, кај увото.
При врзувањето на косата во репче имајте на ум дека аксесоарите го дополнуваат вашиот изглед. Елегантните шноли, обетки и фустани со интересен крој, ќе го направат вашиот целокупен изглед отмен, елегантен и софистициран.
Ги спомнав фустаните со отворен грб, па поради тоа повторно морам да го нагласам значењето на вашата нега. За да можете да си дозволите да носите фустан со отворен грб , вашиот грб најпрво мора да биде цврст и извежбан. Притоа кожата на вашиот грб мора да биде негувана за да биде мека нежна и сензуална. Водете сметка за целокупната нега на вашето тело, како за кожата така и за косата. Многумина сметаат дека репчето е брзо решение за фризура. Се согласувам. Меѓутоа колку и да изгледа репчето едноставна, практична и скромна фризура

Поврзани вести