Како веднаш да ги смените лошите навики во исхранатa

Многу лесно е да навлечете лоши навики во исхраната. Многу лесно е да навлечете лоши навики во исхраната. Всушност, на секој од нас му се случува тоа. Но, добрата вест е дека штом станете свесни за тоа и умеете лесно да ги прпознатете грешките кои ги правите, патот кон успехот ви е загарантиран.
Грешки кои ги правите во текот на денот:
Дали додавате шеќер во кафето или чајот? Ако да, колку?
Дали за време на паузата за кафе пропратно јадете некој колач или грицки?
Решенија:
Ако количината на шеќер која ја додавате во вашите омилени напитоци е голема, пробајте тоа количество постепено да го намалувате. На тој начин и вие постепено ќе се навикнете на промената и истата нема да ви биде тешка да ја прифатите. Доколку мора веќе нешто да грицнете за време на паузата обидете се тоа барем да биде некое овошје, кое сепак ќе го задоволи вашиот апетит за благо.
Грешки кои ги правиме за време на вечерата:
Дали настојувате да изедете сé што е во вашата чинија?
Дали после вечерата имате за обичај да конзумирате нешто благо?
Решенија:
Ако јадете премногу брзо, успорете. На вашиот мозок му треба време за да го регистрира чувството на „полн стомак“. Ноќите се период на релаксација, момент кој го посветувате на вашите пријатели или фамилијата. Затоа, јадете полека, едноставно уживајте во храната која ја внесувате. На мозокот му требаат и до 10 мин. за да ви даде сигнал дека веќе сте најадени. Во Јапонија имаат обичај со кој луѓето престануваат со јадење со само 80% нахранетост. Тоа му дозволува на мозокот да се поврзе со телото. Не е ни чудо што Јапонците се толку слаби.
Друг начин да се одвикнете од оваа лоша навика е да оставите барем дел од храната во чинијата. На тој начин си праќате сигнал дека веќе сте најадени и со тоа го намамувате вашиот мозок да мисли така. Исто така, уште подобар начин е да ја поделите вашата вечера со некој ваш пријател. Така ќе може и да заштедите, и да ја оддржите вашата линија.
Грешки кои ги правиме за време на вечерните часови:
Повеќе на najadise.mkМногу лесно е да навлечете лоши навики во исхраната. Всушност, на секој од нас му се случува тоа. Но, добрата вест е дека штом станете свесни за то

Пронајдете не на следниве мрежи: