Каков карактер на политичар има опозицискиот лидер Зоран Заев? Ова е прашањето кое подолг период се поставува и коментира во јавноста, но деновиве повторно се наметнува откако пратеничките листи кои ги претстави СДСМ наидоа на револт и незадоволство во опозициските редови, за потоа да следат оставки и откажувања од пратеничките листи.На мал притисок незадоволни лица од партијата, како и медиумски послушници кои отворено ја поддржуваат, а дел од нив и директно јa креираат политиката на СДСМ, Заев попушти за кандидатурата на Лилјана Поповска на добитно место во втората ИЕ.
Ваквиот развој на настаните е само потврда за ставовите на дел од аналитичарите дека партијата е во рацете на СОРОС и е киднапирана од лица финансирани од соросовата фондација, а Заев ги остварува нивните желби и игра по нивните ноти.
Дилемата која се наметнува во јавноста е ако лидерот на македонската опозицијата вака се однесува и менува одлуки при ситни притисоци за вакви банални и небитни работи, како Заев би реагирал под посилни притисоци за круцијални интереси на државата кога би бил на власт, како што се на пример името на државата и наметнатиот спор од страна на Грција или пак прашања од национален инетрес.
Од виткање кичма, преку понизно молење до јадење живи луѓе кога ќе дојде на власт
Кога карактерот на Заев како политичар е во прашање, се чини дека истиот најдобро се опишува со неговата добро позната изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да се решел спорот со името. Заев оваа изјава ја даде во 2008-ма година од функција на в.д. претседател на СДСМ.
–Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некој пат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев.
Како опозиискиот лидер планира да ја витка кичмата покажа и примерот со испраќаните пораки до лидерот на ДПА, Мендух Тачи пред две години. Тачи тогаш презентираше неколку СМС пораки кои ги добивал од Заев, а во кои, како што објасни, шефот на СДСМ му се умилкувал и го молел уште пред локалните избори во 2013-та година се до изгласувањето на предвремените избори, за да ја договорат тајната соработка. Тачи тврдеше дека има и други пораки со, како што рече, уште пониска содржина, но ако кажел се, Заев ќе имал проблеми со семејството.
-Претседателе Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам, напишал Заев во телефонската порака.
Виткањето кичма и понизните молби се само дел од низата изјави, постапки и скандали кои се врзуваат зад името на Заев. Тука секако не може да се одминат скандалозното видео на кое Заев бара поткуп од 200 илјади, случај за кој се води судски процес, криминалот од над 8 милиони евра за случајот „Глобал“ поради кој Заев е единствениот аболициран политичар во земјава, потоа случајот со токсичните крставички на неговите фирми, како и неговите закани дека ќе правел чистки во администрацијата, односно дека ќе јадел живи луѓе ако дојде на власт.
Карактерот ист како рејтингот- еднаков на статистичка грешка
Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментирајќи ги карактерните особини на лидерскиот двоец на социјалдемократите вели дека самата појава на лидерот, но и на потпретседателката на СДСМ кажуваат многу повеќе од зборовите. Таа смета дека двете клучни лица на СДСМ имаат идентичен карактер кој наједноставно може да се опише со реченицата луѓе што едно мислат, друго прават, трето зборуваат.
-Токму затоа и одбрале да играат и да раководат еден тим. И двајцата имаат исти карактерни особини, и идентични слаби страни. Нивната најслаба страна е даденото ветување. Ветувањето и кај двајцата не издржува повеќе од 24 часа. Исто како и конзистентноста на дадениот збор. Денес зборот им значи едно, утре сосема друго, вели Каракамишева – Јовановска.
Таа додава дека и двајцата се скарани со поимот континуитет на политичко делување засновано на принципи, скарани се со работа од која ќе произлезат резултати за сопствените граѓани, скарани се со осмислување проекти од национално значење и со смислување политичка визија за развојот на државата од која добро ќе видат сите граѓани.
-Токму затоа и имаат таков очаен рејтинг каков што имаат. На Шеќеринска рејтингот и е нула кома нешто, а на Заев еднаков на статистичка грешка. Карактерната нестабилност на овие два лика се одразува и на нивната политичка нестабилност. Ветувања колку што ти душа сака, ама реализација нема. Она што и двајцата го забораваат е дека во политиката ветувањата мора да одговараат на интересите и потребите на мнозинството граѓани во земјата, вели Каракамишева- Јовановска.
Дали граѓаните сакаат луѓе со ваков карактер да одлучуваат за иднината на нивните деца?
Универзитетската професорка смета дека едно се лични видувања за политиката направени во партиски кабинет, сосема друго се националните интереси на државата.
-Едно е лицемерна политика на двајца партиски пајташи, друго е национална политика заснована на зачувување на трајните национални вредности и принципи. Токму заради овие работи, решенијата на Заев и на Шеќеринска од денес за денес не врват меѓу граѓаните. Токму заради нивните лични, карактерни и политички слабости, овие двајца политичари што мислат дека играат тимски, и да играат уште десет години нема да можат да дојдат ниту до половина од рејтингот на г. Груевски. Многу едноставно. Граѓаните не сакаат луѓе, а уште помалку политичари чиј што збор не вреди пет пари. Уште помалку почитуваат политичари што и за тие пет пари се во состојба да се ценкаат и да се пазарат со националните интереси и со државата. И за тие пет пари се кадарни да променат име на државата, да сменат личен опис на државата, да се продадат и себе и сите други на Ѓаволот, вели Каракамишева- Јовановска.
За нив, додава таа, тежината на кажаниот збор е непознат поим. Токму затоа толку лесно даваат ветувања и И за нив се има релативно значење.
-За нив нема разлика дали Република Македонија ќе биде Република или Федерација, за нив е сосема неважно дали во државата службен јазик на целата територија и во меѓународните односи ќе биде македонскиот јазик, или и македонскиот и албанскиот, според нив се е политички прифатливо и коректно да се разговара, и дводомно собрание, и ротационен премиер, и прекројување на државата по етнички линии наместо вистинска децентрализација, и бркање на администрацијата од чистачка до министер кога ќе дојдат на власт, и приказната за по еден вработен во секое семејство, и пишување кодошки извештаи за тоа колку работите во земјата не ги бива па треба божем странците да ни го кажат тоа, а всушност се мириса на Рада, и бомбона приватизациите на општествениот капитал. Листата е голема и бројна. За среќа по македонските интереси сите нивни политички релативности остануваат на листовите хартија, заклучува универзитетската професорка.На мал притисок незадоволни лица од партијата, како и медиумски послушници кои отворено ја поддржуваат, а дел од нив и директно јa креираат политик