Ова лето навистина не зафатија пеколни тропски горештини. По ова пеколно лето, повеќето се прашуваат што да очекуваме од есента која доаѓа, а и по неа од зимата. Долгорочните прогнози на ЕCМWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, досега се покажале како многу точни. Метеоролозите предупредуваат дека се уште е премногу рано за да дадат прецизни прогнози за оваа зима, но еве ги заклучоците врз основа на податоците кои досега се собрани.
Според нив оваа есен на целиот Балкан повеќе ќе преовладува сончево време, а сите три есенски месеци ќе бидат надпросечно топли. Што значи можеби јакните и нема да бидат потребни.
Неиздржлив студ нема да почувствуваме ниту во текот на зимата. Во зимските месеци температурите ќе бидат просечни. Нема да има премногу ладни денови. Температурите ќе бидат во нормала, а ќе преовладуваат повеќе топли отколку снежни денови.
Сепак, треба да очекуваме кратки периоди со поладно време, проследени со снег и дожд.Долгорочните прогнози на ЕCМWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, досега се покажале како мно