Какви аксесоари ви се потребни за на плажа?!

Топлото лето е во полн замав, а на мнозина веќе им претстои одмор на море. Пред летниот одмор секоја жена се соочува со тежок избор каква облека и модни додатоци да земе со себе.
Костумот за капење е задолжителен во багажот. Но убавината на плажа е завршена само кога ќе ги изберете најсоодветните аксесоари. Стилистите ги изнесоа своите совети како да го направите вистинскиот избор.
Очила за сонце
Очилата за сонце не само што се убав додаток на лицето, тие уште и ги штитат очите од сончевите зраци. Во однос на модата кај очилата ова лето, се препорачуваат земјените тонови, а формите можат да бидат многу различни – сето тоа зависи од индивидуалните преференции.

Шешир
Покрај топлото лето следи и жешко сонце. За да се заштитите од сончаница добро е да носите капа на плажа. Најмодерни се шапките од природни материјални како што е ленот или памукот. Добро е да изберете шапка која ќе ви одговара на стилот на костимот за капење, и имајте на ум дека големите сламени шапки не одговараат на девојки кои имаат слаба фигура.

Папучи и апостолки
Помалку е веројатно некоја дама да отиде на плажа со високи потпетици. За песок се најсоодветни сандалите и апостолките. Благодарение на современите модни трендови можете да најдете апостолки – рачно произведени.

Торба за на плажа
За да соберете се што ви треба за на плажа, мора да си најдете и торба за на плажа. Модерни оваа година се големите чанти, а бојата треба задолжително да е во хармонија со шапката и со апостолките.

Фустан или туника за на плажа
Гардеробата која ја облекувате врз костумот за капење е крајниот ефект. Оваа година во мода се фустаните од лесни материјали – разлетани и шарени. Шорцевите и маичките ја изгубија популарноста, бидејќи се премногу универзални и не импресионираат со голема оригиналност и разновидност.
Топлото лето е во полн замав, а на мнозина веќе им претстои одмор на море. Пред летниот одмор секоја жена се соочува с

Пронајдете не на следниве мрежи: