Во овој корисен текст, ви пренесуваме како на природен начин да го растворите каменот или песокот во жолчка, по рецептот на прочуената билкарка Марија Требен.
Интересен е фактот дека од каменот во жолчка повеќе боледуваат жените отколку мажите.
Најчести симптоми се: горка содржина при ждригање и повраќање, жестоки болни грчеви кои од под лакот на десното ребро се шират до срцето и предизвикува силна мачнина.
Бидејќи на располагање имаме толку многу лекови од Божјата аптека, операцијата секогаш не е неопходна.
Се што ви е потребно за успешно отстранување на камен во жолчката е ротквицата. Терапијата со сок од ротквица, која трае 6 недели помогнала скоро во сите случаи освен кога е во прашање нерастворлив камен кои ретко се појавува.
Ротквицата се цеди во соковник, кои се користи за домаќинството. Терапијата почнува со 100 грама наутро на гладно, и постепено во рок од три недели количината се зголемува за 400 грама, за повторно во рок од 3 недели да се врати на количина од 100 грама.
Сокот од ротквица не смее да се пие ако болниот пати од воспаление на желудник или црева.
Колку брзо сокот од ротквица може да го уништи каменот во жолчка покажува и примерот кој следи.
На сопругата на еден поранешен генерал по пат на операција и отстранија повеќе камчиња од жолчката, и помали и поголеми, а таа радо на сите им ги покажувала, за еден ден да ги вгради во држачот на кујнскиот нож.
Еден ден, токму кога лупела ротквица, и дошле гости. Ножот го оставила во чинијата со ротквици и им се посветила на гостите. Се изненадила кога се вратила по ножот. Камењата исчезнале – сите – биле растворени во влажна маса.
Исто така добра мешавина од лековити билки од по 20 грама, бршлен , хмељ , петровец, нане и пелин исто така може да го излечи каменот во жолчката.
На едно литро ладно вино од јаболка, се ставаат 3 лажички од билките и се се загрева до вриење, а потоа се трга од оган и се остава да отстои 3 минути.
Во текот на денот, на секој саат се зема по една голема лажица, отприлика 8 до 9 пати вкупно. Бидејќи течноста треба да се пие топла, чувајте ја во термос.
Пронајдете не на следниве мрежи: