Околу петнаесетина лица вчера ја каменувале редакцијата на грчкиот весник „Прото“. Овој весник повеќе пати е обвинуван дека ги поддржува неонацистите осомничени за убиството на антифашистичкиот активист и рапер Павлос Фесас, информираат од грчката полиција.
Вчера по 20 часот по локално време, над петнаесет лица ја нападнале редакцијата на весникот „Прото тема“, во северно предградие на Атина, кршејќи ги прозорците на зградата. Од полицијата информираат дека за среќа, немало повредени, а напаѓачите предизвикале само материјална штета на зградата и на неколку автомобили.
Пред да побегнат тие расфрлале флаери во кои го обвинуваат весникот дека го поддржува фашизмот.
„Прото тема“ стана цел на жестоки критики откако во неделата на својата прва страна објави фотографија на 34-годишниот Фесас, како умира во прегратката на неговата пријателка.Овој весник повеќе пати е обвинуван дека ги поддржува неонацистите осомничени за убиството на антифашистичкиот активист и рапер Павлос Фесас,