петок, 27 ноември 2026
Најново

Кампања за заштита од пожари по повод бадниковите огнови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ одржа кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови денеска, 5.1.2016 година, на платото пред ТЦ „Бисер“, како и на други локации на територијата на Општина Аеродром.За време на акцијата на граѓаните им се делеа летоци со едукативна содржина за опасностите од пожар, како и за заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадниковите огнови.
Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.
На граѓаните им се посочи дека огнот треба да се пали на безбедна локација и на оддалеченост од 20 метри од огнот, да нема паркирани автомобили и запаливи материи, да се внимава на децата да не се приближуваат до огнот и да не се фрлаат пиротехнички и запаливи материи во огнот.
Организаторите на бадниковата прослава, пак, се предупредуваа да не ја напуштаат локацијата додека не го изгаснат огнот.За време на акцијата на граѓаните им се делеа летоци со едукативна содржина за опасностите од пожар, како и за заштита од пожари во пресрет на голе

Поврзани вести