Канческа- Милевска: Направивме многу капитални инвестиции, сега будно ќе ја следам состојбата во културата

Не би можела да одвојам еден проект на кој сум особено горда бидејќи има многу такви. Имаме огромен број инвестиции, но можам генерално да кажам дека сум лично горда на сето она што го направивме во културата, истакна поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска во емисијата Отворено на Телевизија 24.-Министерството за култура поседува професионална државна администрација. Сите ние сме менливи, јас сум била министер, сега е колегата Алаѓозоски, утре ќе дојде некој друг… Успешноста во реализација на проектите зависи од професионалноста на вработените во Министерството за култура. Резултатите се на многу високо ниво.
Од оваа позиција, подвлече Канческа Милевска, будно ќе ја следам состојбата во културата како ќе се движи.
-Имавме многу капитални инвестиции, многу објекти се ставија во функција, се со цел да се подобрат условите за работа пред се за нашите уметници. Горда сум на уметничкиот потенцијал кој го има нашата држава и треба да се трудиме сите да продолжиме кон унапредување на културата.-Министерството за култура поседува професионална државна администрација. Сите ние сме менливи, јас сум била министер, сега е колегата Алаѓозоски,

Пронајдете не на следниве мрежи: