За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство, рече Канческа-МилевскаСЈО покажа дека работи површно, врз паушални претпоставки кои немаат врска со вистината. Сите обвинувања се неточни. Ги отфрлам во целост.Тезите на Фетаи се рекла-казала, трач-муабети, груба манипулација со која СЈО сака да стави дамка во работењето на Министерството, беше категорична министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која ги отфрли обвинувањата кон неа дека наводно потпишувала тендери без регуларна тендерска постапка.
Канческа-Милевска реагираше на обвинувањата од обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, и нагласи дека работењето на Министерството е чисто и законски.
– Сите проекти и сите постапки се работени според законите. Проектите се чисти како солза. Спроведувани се согласно законите во нашата држава. Секој може да дојде да ги погледне документите и да се увери во нивната законитост – категорична е Канческа-Милевска.
Таа ја одржува прес-конференцијата во Музејот на македонската борба зашто во т.н. предмет „Тендери“ кој го објави СЈО се споменуваат токму договори поврзани со изградбата на овој музеј.
– Ова е музеј за македонска вистина, кој ја прикажува борбата на македонскиот народ за своја држава. Навистина е жално што нашата благородна идеја за ваков објект се става во заложништво на еден политички маркетинг кој е во функција на предизборието – рече министерката.
Таа рече дека очекувале професионален и пред сè објективен пристап во работењето на СЈО, во служба на вистината.
– При моето доаѓање на оваа функција бев свесна дека сите проекти треба да се контролираат и мора да се контролираат. За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство – рече Канческа-Милевска.
Министерката нагласи дека сите вработени во таа институција чесно и посветено си ги вршеле своите обврски, чесно си ја вршеле својата обврска. Министерката презентира и документи со кои укажа дека потпишувањето на тендерите било согласно сите законски прописи.СЈО покажа дека работи површно, врз паушални претпоставки кои немаат врска со вистината. Сите обвинувања се неточни. Ги отфрлам во цел



