Канческа-Милевска: ВМРО-ДПМНЕ ќе издејствува најголема победа

Конечно заврши кризата во нашата држава, деструктивната политика на дејствување на СДСМ кој во изминатиов период нанесе огромна штета на нашите граѓани и на нашата држава. Ова го истакна министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска синоќа во скопската населба Крњево каде оствари средба со граѓани.-Во овој изминати период, јас сум убедена дека граѓаните имаа можност да направат една разлика меѓу деструктивно однесување на СДСМ кој посегна по најисконското и највредното во нашата држава, тоа се историските вредности, културните вредности, интегритетот на Република Македонија и да ги следат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, програмските цели, сите оние проекти кои успеавме да ги реализираме во изминатиов период.  Таа разлика е утврдена од нив, граѓаните точно можат да утврдат кој работи за доброто на државата, кој има позитивна мисла и енергија и цели за просперитетот и иднината на Република Македонија и на 11-ти декември, ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе ја издејствува најголемата победа до сега. Ќе успееме и ќе добиеме најмалку 63 пратеници за едно стабилно мнозинство во Собранието се со цел да продолжиме со програмските цели, со сите оние проекти кои ќе бидат зацртани во новата програма, рече министерката за култура.
Таа истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу обемна, многу голема.
-И во овој период ќе продолжиме да соработуваме со нашите граѓани во еден взаемен дијалог, заедничка комуникација, да ги слушнеме нашите барања, нивните потреби. Да ги информираме за сите проекти кои досега се реализирани и да ги слушнеме нивните барања и да успееме со новата програма и со новите програмски цели да продолжиме за една попросперитетна Република Македонија, за една побогата наша држава и се разбира за една економска и социјална благосостојба која е од огромно значење за сите нас, заклучи Канческа Милевска.-Во овој изминати период, јас сум убедена дека граѓаните имаа можност да направат една разлика меѓу деструктивно однесување на СДСМ кој посегна по

Пронајдете не на следниве мрежи: