Канчевска-Милеска промовираше пет реконструирани фасади на објекти во Гостивар

Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска во придружба на соработниците денеска ги промовираше петте целосно обновени фасади на објекти во центарот на Гостивар.Објектите се наоѓаат на улиците „Димитар Влахов“ и „Илинденска“.
-Чувствувам особено задоволство поради фактот што Владата и Министерството за култура вложуваат многу енергија и средства за развој на културата и културните вредности во Гостивар. Капиталните инвестиции се бројни, со посебен акцент на заштитата на културното наследство и реконструкциите со кои овој град прераснува во атрактивна дестинација и на таков начин може да понуди вредна историска приказна, изјави Канчевска – Милеска.
Таа потсети дека со формирањето на Конзерваторски центар-Гостивар од 2010 година засилено се работи на поопсежна заштита и промоција на културното наследство и се заблагодари на соработката со локалните власти.
-Во изминатиов период особено внимание им е посветено на заштитата на Саат Кулата, Старото медресе, беговата ќука и куќата на семејството Чако за кои беа издвоени над 6 милиони денари. Наскоро ќе се отпочен и со реставрација и санација на цркавата Св. Димитрија, подвлече Канчевска – Милевска.
Беџахудин Шехапи, државниот секретар во Министерството ја нагласи соработката со локалната самоуправа и градоначалникот Невзат Бејта, која како што рече е на високо ниво и помага во успешна реализација на проектите.
Во првата фаза на реконструкција на фасадите во централното градско јадро опфатени се шест објекти, а целосно се завршени пет. До крајот на годината ќе се работи  на уште шест објекти кои имаат статус на културно добро, а од идната година на уште три. Според плановите до 2020 година предвидено е да бидат обновени фасадите на сите објекти во централното градско јадро.
Министерството за култура, ова лето, преку манифестацијата „Топол културен бран“ финансиски ги поддржа Меѓународната ликовна колонија и проектот „Еволуција на танцот“.Објектите се наоѓаат на улиците „Димитар Влахов“ и „Илинденска“.
-Чувствувам особено задоволство поради фактот што

Пронајдете не на следниве мрежи: