„КАНВАС“ ВО МАКЕДОНИЈА

Една од организациите одговорни за создавање нереди во Македонија и рушење на актуелната власт без сомнение е „Канвас“. После Украина, Либија, Сирија, Египет и др, Срѓа Поповиќ се почесто гостува во нашето соседство, пишува srb.news-front.info. Минатата година се забележани 3 негови посети во Македонија, а судејќи по случувањата во Скопје, оваа година ќе има уште повеќе. Се очикуваат нови „насилни протести“ во негова организација, поради кои за „Канвас“ обично остава крвави траги.„Канвас“ прв пат во Македонија се појави во 2009 година на обука која ја организираше групата „Форум“, паернер на Соросовиот Фонд за отворено друштво. Први промотири на „Канвас“ во Македонија беа Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Обуките се нарекуваа „Школа за активно граѓанство“ и до сега веќе шест генерации „студенти“ се обучени од страна на „Канвас“. Покрај Фондацјата Сорос, финансиер на овие обуки е и УСАИД. Првиот протест е организран во 2011 после убиството на Мартин Нешковски.
Следи одбрана на паркот кај хотел Бристол, протест на стечајците, средношколците и др. а во 2014 година Иван Марковиќ започна обука на членовите на „Студентскиот пленум“. Се активираат и други пленуми. Понатамошниот развој на случувањата ни е познат, во 2015 година протести против Груевски, и овие протести беа подржани од граѓаните.
Oваа „фабрика  за извоз и започнување на немири, насилни демонстрации и државни удари“ изгледа дека нема да престане да произведува насилство, кое го гледаме на снимките од Скопје, пренесуваат српските портали. Сепак, се повеќе Македонци се свесни кој стои зад овие нереди и не се сомневаат на директната вмешаност на Западот. Некој медиуми објавуваат статии за НВО во Македонија, никнуваат групи чии пароли се „Стоп Сорос и СДСМ“ а се појави и интересниот термин „соросоид“ (за оние кои прават нереди на улиците и оние кои му служат на Западот а некој друг начин).
Доколку Груевски не попушти на притисоците да се одложат изборите закажани на 5-ти јуни „Канвас“ и сличните на него оваа пролет ќе имаат многу работа. Нивната „работа за подигање на свеста на граѓаните“ и понатаму ќе претставува дисциплинско средство за воспитување на Македонската Влада, бидејќи освен спорната аболиција и одлуката за одржување на изборите, тука има уште некои потези на Владата кои Западот не ги одобрува. На пример, спорен е и односот на македонските власти кон мигрантите, како и инсистирањето на Македонија на задржување на името.
Да се потсетиме дека „Канвас“ е на листата на терористички организации, меѓу кои се Ал Каида, Боко Харам и Муслиманското братство, а меѓу 85 организации од оваа листа, ова е единствена неисламска организација.„Канвас“ прв пат во Македонија се појави во 2009 година на обука која ја организираше групата „Форум“, паернер на Соросовио

Пронајдете не на следниве мрежи: