четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кападокија отсликувања – Ликовна изложба на Симон Калајџиев во Јавна соба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изложбата “Кападокија отсликувања “на академскиот сликар Симон Калајџиев  ќе биде свечено отворена во петок, 6.мај во Јавна соба со почеток од 20:00 часот. Влезот за сите љубители на уметноста и доброто дружење е слободен.Цртежите изработени за време на неговиот престој во Кападокија се стилизирани пејзажи со акцент на уникатни одлики од тој предел. Делата се изработени на хартија во повеќе различни техники; акварел, акрил , темпера, восочни бои и сув пастел.
Евидентно е дека авторот црпи инспирација за своето творештво од патувањата. Посебна страст се манифестира во  творештвото кое е инспирирано од источните култури.  “Кападокија е предел со неверојатен релјеф и со уникатно историско и културно наследство. Додека се шетав се чувствував како да гледам дисекција на историјата. Особено се инспирирав од стилизираните цртежи на ѕидовите во подземните цркви од иконоборниот период.“ вели Калајџиев.

Симон Калајџиев е млад автор. Дипломира во 2009 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин. Зад себе  има пет самостојни изложби, а учествувал и на дванаесет групни претставувања во земјава и во странство. Омилена тема му е урбаниот пејзаж.

Изложбата  “Кападокија отсликувања” е поставена во Јавна соба во период 6. – 25. Мај, а влезот за сите посетители е слободен.
Снежана Гиевска  –  Агенција НавигаторсЦртежите изработени за време на неговиот престој во Кападокија се стилизирани пејзажи со акцент на уникатни одлики од тој предел. Делата

Поврзани вести