Не бидете изненадени доколку во текот на денот забележете мали впечатливи покани, во форма на “купон-подарок”. Капитол мол го најавува првиот роденден на 12 декември, и притоа информира за бројните подароци и попусти кои ќе бидат овозможени.Сé што треба да се направи е на поканата да се напише денот на вашиот роденден, да се заокружи омилениот бренд во Капитол мол од каде сакате да добиете попуст или подарок и да дојдете во Капитол мол во месец декември. Купон-подарок оставете го во големата кутијата-подарок која ќе биде поставена во централниот хол во Капитол мол и на денот на вашиот роденден, оваа или следната година, да дојдете во Капитол мол за да го реализирате купонот.
„Го славиме првиот роденден, а истовремено сакаме и да им се заблагодариме на сите граѓаните кои изминатава година нé посетија и затоа подготвивме и подароци за нивните родендени.
На 12 декември, во петок и официјално означуваме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол со концерт на Eye Cue, но нашата прослава ќе продолжи и во сабота со концерт на Сара Мејс и Тони Зен, како и во недела со театарска детска претстава.
Се надеваме дека сите заедно ќе уживаме, а подароци и поволности ќе има во текот на целата година“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол мол.
Изборот во Капитол мол е огромен. Купоните за роденден може да се искористат во продавниците за: мода, спорт и модни додатоци детските продавници, рестораните за храна, парфимерии и дрогерии,, , потоа во центарот за кугање и билијард 4Боулинг, во детската игротека Кидс Парк и други локали кои се дел од Капитол мол.
Со својот пријатен и несекојдневен амбиент, Капитол мол симболизира квалитет во трговијата на мало, обезбедувајќи го сиот конфор на шопингот. Со интегрирање на сите разбирливи потреби на граѓаните под еден покрив, Капитол мол ја потенцира разновидноста на понудата, но и својата желба на потрошувачите да им го обезбеди најдоброто.
Капитол мол – Твое место за твојот роденденСé што треба да се направи е на поканата да се напише денот на вашиот роденден, да се заокружи омилениот бренд во Капитол мол од к