Денеска, голем број граѓани на дело ја покажаа својата солидарност, дарувајќи крв за спас на нечиј живот. Во организација на Општина Карпош, во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија, на поставените три пункта во Т.Ц. „Скопје Сити Мол“, надвозникот „Влајко“ и во салата на ООУ „Лазо Трповски“, од 9 часот започна традиционалната крводарителна акција во рамките на Денови на Општината. Освен многубројните граѓани, кон оваа хумана акција се вклучија и административците од Општина Карпош. Во таа насока, градоначалникот Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општината, Сашо Лазаровски, даруваа крв на пунктот во Т.Ц. „Скопје Сити Мол“, со цел да се спаси нечиј живот и да се помогне на група граѓани на кои најмногу им е потребно.-Покрај другите хуманитарни акции со коишто им помагаме на нашите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, денешната крводарителна акција е особено важна и секоја година традиционално ја спроведуваме во рамките на Деновите на Општината. Бидејќи Општина Карпош е изградена од светската солидарност од поранешната Југословенска држава, сметаме дека солидарноста треба да биде на прво место во прославата на Деновите на Општината. На овогодинешната крводарителна акција за околу два часа се донирани околу 80 литри, крвни единици. Јас исто така ќе дарувам крв по 12-ти пат – истакна Јакимовски и апелираше до сите граѓани кои имаат можност да дадат крв, да го сторат тоа, бидејќи, на тој начин им помагаме на наши сограѓани и спасуваме нечиј живот. Лично сметам дека секој полнолетен граѓанин треба да учествува во ваква акција – додаде првиот човек на Општината.
Крводарителната акција започна од 9 часот и ќе трае се до 17 часот, кадешто сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да даруваат крв и да ја покажат својата солидарност кон своите сограѓани.
-Покрај другите хуманитарни акции со коишто им помагаме на нашите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, денешната крв