Каракамишева- Јовановска: Како се одвојува партијата од државата по рецепт на СДС

Откако го укинаа екстерното, ја укинаа „Кембриџ“ програмата за средно образование, откако чекаат на нивните инжињери-експерти да им дадат предлог како од железната ограда што во моментов ја штити Владата да направат клупи за почивање на граѓаните!?, откако го спроведоа најважниот за државата проект чистење на владината гаража, и успеаа да ја изгаснат депонијата во Струга по цели десет дена интензивно горење и труење на локалното население, откако немо и без збор ги гледаат земјоделците како ги истураат лубениците и другите плодови по улиците заради немање излезно решение од страна на Владата за нивните маки, откако Заев се поклони во Бугарија пред споменикот на цар Самоил, цар на Бугарија!? и откако испи кафе со бугарските власти кога и го договориверојатно најкапитулантскиот договор за Македонските државни и национални интереси од чие што соочување со јавноста бега цела Влада како ѓавол од крст, откако Грците избришаа под со шармот на нашиот министер кој така дешармиран се врати во родната му земја, откако „реформаторите“ ја задолжија земјата со нови 33 милиони евра без ниту еден најавен конкретен проект од кој јавноста би имала корист, откако ги вработија како „владини советници“ (само не се знае што и кого ќе советуваат?) најелитните шарени молерофарбачи и им го накршија со високи плати од ребалансот на државниот буџет, откако ги прекинаа сите капитални инвестиции во земјата заради лични каприци, откако им наредија партиски обвиненија на раководните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ штанцани во партиската централа-СЈО, откако сето ова го направија за месец и половина, СДС го започна процесот на реализација на својот најголем проект-департизација на државата и одделување на партијата од државата, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.-За волја на вистината цели 10 години мегафоните на СДС а отвореа уста раскажуваа за почитување на европскиот принцип на одвојување на партијата од државата како најважен потфат за кој оваа партија ќе се залага ако дојде на власт. И еве ги дојдоа на власт. И веројатно сега сите се прашувате што се случи со дрндачката приказна за одделувањето на партијата од државата? Па се случи следново. Со директно кршење на законите Владата секој ден сипоставува партиски војници и послушници на позиции и места што по дефиниција мора да бидат департизирани. За началници во МВР се назначуваат лица кои им слугуваа на главните функционери на СДС во зделките на поткуп и уцена на гласачите на терен на последните парламентарни избори. На места на кои по закон треба да дојдат лица кои не се членови на партија, СДС кршејќи го законот постави најлојални партиски членови од највисоките партиски органи. Спротивно на закон Владата разрешува се што ќе и дојде под раце и поставува нови партиски кадри заслужни со партиската лојалност и за молчењето во овие клучни моменти за државата. Колку повеќе си молчиш за распродавањето на државните интереси кај соседите, толку добиваш повисока позиција во државниот апарат, коментира Каракамишева- Јовановска.
Според неа, СДС им покажа на ЕУ и на останатите колку го есапи европскиот принцип на одделување на партијата од државата и колку истиот е од значење за оваа власт.
-Уште еднаш СДС си го покажа на дело целото лицемерие и хипокризија кога едно зборува во време кога е во опозиција, а сосема друго прави во услови кога е на власт. Интересно е како сега ќе му објаснуваат на Прибе и на останатите европски експерти што всушност прават. Како ќе ги оправдаат најновите процеси на целосно сраснување на партијата со државата, на целосно есдесоизирање на државната машинерија под диригентската палка на главниот партиски центар. Што ќе им кажат на европските експерти сега, дека партизацијата на државата е неопходна реформа за интеграција на РМ во ЕУ? Со каков капацитет ќе им се претстават сега новоименуваните партиски функционери на европските тимови-со партиски или со административен/државен во полза на сите граѓани на РМ? Со оглед дека партијата СДС не излезе со партиски став со кој најосторо ќе го демантираат и ќе се оградат одмислењето на нивниот партиски војник Дудуш дека членската книшка на СДС ќе биде втора лична карта, одговорот на прашањето е веќе даден. И бидејќиво сите пори од системот се чувствува напонот на забревтаната партиска медиумска машинерија за попаганда и ширење лажни вести од која деновиве произлегоа куп лажни и деградирачки текстови можеме само да претпоставиме какви се спинови и фејк њуз ќе следат наредните денови и месеци, смета универзитетската професорка.
Според неа, пропагандната партиска машина за спинови продолжува со несмален интензитет да пушта магла во медиумскиот простор со цел од маглата граѓаните да не можат да ја видат антимакедонската политика на Заев и компанија што засилено се спроведува на политички терен.
-Ама спинерите забораваат дека до сега никој не измислил вечна медиумска магла која може да ги прикрие сите политички гнасотии што налогодавците можат да ги направат на терен. Ширењето лажни вести со цел криење напродолженото велепредавствое со мал ефект. Вистината ќе ја впие целата магла што ни ја пуштате пред очи. Спиновите и нарачаните текстови ќе ви се удрат по глава. Ќе се задушите од сопствената магла што намерно ја создавате за да го одбраните неодбранливото! , заклучува Каракамишева- Јовановска.-За волја на вистината цели 10 години мегафоните на СДС а отвореа уста раскажуваа за почитување на европскиот принцип на одвојување на партијата од

Пронајдете не на следниве мрежи: