Каракамишева: Kаде ви се доказите?

Еве за некој ден ќе помине една година откако започна работата на СЈО. Бомбастично најавуван, со уште побомбастични сценски изведби и театралности на прес-конференциите на трите обвинителки, епилогот од едногодишната работа на овој орган е еднаков на нула. Ако ги слушаме нивните оправдувања и жалопојки за ваквиот нула годишен производ речиси сигурно треба да не фати жал, бидејќи тие кутрите ем се специјални јавни обвинители што примаат плата од три и повеќе илјади евра месечно, ем не можат до крај да си ја завршат работата поради големите опструкции со кои се соочуваат од другите правосудни органи. Демек тие се способни и знаат да работат, ама ете постојано има некои лица, некои дежурни органи, што им прават големи проблеми со кои тие никако да се справат. Никако да се фокусираат на своите обврски бидејќи мора да се занимаваат со разноразни институционални сметала. Без промил самокритичност и вперување прст кон себе и кон сопствената неуспешност, вистинската причина за дебаклот СЈО ја бара исклучиво во друг. Зошто? Па затоа што така е најлесно. Најлесно е сопствената неснајденост и некомпетентност за доверената задача да се покрива со наводно несоодветното вршење на задачите на некој друг.А, всушност, која е вистинската причина за досегашната лошо завршена работа на СЈО? Причината е во немањето докази. Немањето законити докази кои ќе можат веднаш и без никакви проблеми да ги наполнат обвинителните акти против сите оние што на големо и со тапани режирани токму од СЈО, беа предвремено осудени во јавноста и жигосани како виновни. Ако се навратиме една година назад, ќе се сетиме како опозицијата тврдеше дека со оформувањето на СЈО, а поради големите докази што тие ги имаат против власта, овој орган без поголеми проблеми, во многу краток временски период, ќе успее да срочи обвинителни акти против сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Една година потоа, ентузијазмот и партиските фанфари стивнаа. Стивнуваше и холивудската претстава. Единствено што растеше е нервозата кај специјалниве. Kако СЈО ги отвораше нарачаните предмети против конкретни лица од ВМРО-ДПМНЕ, така удираше стативи. Kомичните изјави на Јанева од типот имаме седумдесет до осумдесет процентна покриеност со докази кај одредени предмети предизвикуваа смеа и неверување за кажаното во правосудните органи. Таквите изјави не можат да поминат ниту на пазар, а камоли во правниот систем на земјата. СЈО сфати дека покренатите предмети не се засновани на законити докази. Токму затоа се втурна во акцијата наречена наоѓање докази по секоја цена, ако треба и под дрво и под камен. Така, всушност, започна прибирањето изнудени признанија и изјави од сведоци поради што дел од специјалниве заработија кривични пријави.
Законот за кривичната постапка е многу јасен во делот на доказите, и вели дека јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност. Точно е тоа дека според член 272 од законот за кривичната постапка, јавниот обвинител и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас, или по примена кривична пријава. Но, за поведување обвинителен акт се бара многу, многу повеќе од некакви индиции, рекла-казала муабети или информации по допрен глас. За издржано обвинение се бараат законити докази. Се бараат неизнудени признанија и неизнудени изјави на сведоци. Се бараат изјави на сведоци, или други докази што немаат политичка, интересовна, или друга мотивираност и позадина. Се бараат чисти докази, за кои на крајот на денот, во однос на прашањето дали се доволно силни, и дали се доволно основани за да може врз нив да се донесе осудителна пресуда со која ќе се утврди вината на едно лице, одлучува само и единствено судот. И никој друг. Оттаму, лекцијата што СЈО требаше да ја научи во периодов што измина е покроце со јавното расфрлање на тезите за нечија вина или нечија невиност. Покроце со второто продолжение на повредата на тајноста на постапката која сега се обидуваат да ја сокријат преку формулацијата „важни политичари“ на распит кај Јанева. Покроце со јавно упатените закани кон граѓаните дека присилно ќе бидат приведени дури и во случај да го оправдале своето отсуство на закажаниот распит. Покроце со арогантноста дека имате соработка со Интерпол, или, како што велите, со правосудните органи на земјите-членки во ЕУ. Тоа што имате соработка не ве прави посилни од Уставот и од законите во земјата и не ве прави надредени и семоќни кон другите субјекти во постапката. Соработката, ако ја имате, искористете ја за ваше подобро запознавање и размена на добрите практики и искуства како работат тие, а како вие. Навистина има многу што ново да научите од вашите колеги во однос на законскиот пристап и комуникацијата со странките. Размената на информациите и искуствата со вашите колеги едновремено ќе ви ги откријат и грешките во вашето постапување и белки нешто корисно ќе научите од нив. Ќе научите како треба да се однесувате кон лицата што ги повикувате како странки. Ќе научите како да ја почитувате другата странка во постапката на еднаков начин како што би требало да се почитувате себе си. Ќе научите како се почитува начелото на тајност во водењето на постапките, и во вториот ваш обид нема да ги правите кардиналните грешки што ги правевте целата измината година. Секако, вашата јавно дадена информација дека во иднина, а во интерес на истрагите што ги води овој орган, тајна ќе биде кои функционери, во кои денови и за кои предмети ќе се појавуваат на распит, нема да ве амнестира од правната одговорност за направените прекршувања на законот. По ваквото отворено признание, постојано ќе прашуваме што ќе преземе СЈО во врска со констатираната незаконитост во работењето, и кои мерки ќе бидат преземени против лицата кои несовесно работеле во службата. Јавноста има право да знае како СЈО ќе се справи со незаконитоста во своите редови и што конкретно ќе преземе против лицата за кои постојат докази дека сториле кривично дело. Дали СЈО планира да отвори предистражна постапка и за своите обвинители, или истражители инволвирани во овие незаконски дејствија, или дали можеби планира да даде поддршка на Јавниот обвинител на Република Македонија, преку почитување на принципот на хиерархија и субординација, да отвори независна истрага со цел да се утврди кои лица од СЈО ја повредиле тајноста на постапката и со тоа го прекршеле законот. Дали СЈО ќе му даде „изим“ на Зврлевски и нема да го попречува да отвори посебен предмет поврзан со повредата на тајноста на предистражната и на истражната постапка во работењето на СЈО, како пример дека СЈО е орган што навистина работи во согласност со македонскиот Устав и закон.
СЈО не смее да замижи пред сопствената незаконитост. СЈО не смее да биде над Уставот и законите во земјата. Одговорност за дел од обвинителите/истражителите од СЈО за направените медиумски сензационализми и политички мотивирани истражни хајки мора да има. Законот за кривичната постапка е јасен во делот на одговорноста. Можно е да се поднесат кривични пријави против обвинителите на СЈО кои ја повредиле тајноста на постапката, или да се поднесат жалби до судија на претходна постапка од страна на лицата кои со нарушувањето на тајноста на процесните дејствија им се повредени основните човекови права.
 А, всушност, која е вистинската причина за досегашната лошо завршена работа на СЈО? Причината е во немањето докази. Немањето законити докази кои ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: