Каракамишева: Наследници на Црвенковски се неговите најблиски соработници

„Грција не сака решение за името, нефункционирањето на Комисијата за настаните од 24-ти декември можно е да се одрази и на есенскиот извештај на Европската унија, Заев и Шеќеринска доаѓаат од матрицата на Црвенковски и се негови најблиски соработници…“„Грција не сака решение за името, нефункционирањето на Комисијата за настаните од 24-ти декември можно е да се одрази и на есенскиот извештај на Европската унија, Заев и Шеќеринска доаѓаат од матрицата на Црвенковски и се негови најблиски соработници…“
Ова се ставовите на универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска изнесени во интервју за Курир на прашањата околу спорот за името со Грција и неконструктивноста на Атина, нефунционирањето на Комисијата која треба да ги расветли настаните од 24-ти декември и што значи доаѓањето на дуото Заев-Шекеринска на чело на нaјголемата опозициска партија.
Каракамишева Јовановска смета дека нефункционирањето на Комисијата можно е се одрaи и на есенскиот извештај на Европската унија, во смисла на негативни поени за Македонија, додавајќи дека тоа е и дежурно алиби на Грција за тоа дека Македонија не е демократски способна да си ги надминува своите внатрешни проблеми.
-Грција никогаш ниту ќе настапи конструктивно, ниту пак ќе даде некакви добронамерни идеи за решавање и надминување на проблемот за името. Факт е дека Република Грција не сака да го реши овој проблем затоа што не оди во прилог на внатрешната политика, меѓутоа и на она што претставува добитна комбинација за секоја политичка партија особено кога се оди на избори, вели Каракамишева.
Во однос на доаѓањето на Заев и Шекеринска како раководни лица во СДСМ, професорката вели дека се поставува прашањето колку овие двајца престолонаследници на Црвенковски навистина ќе можат да воспостават една нова политика која што ќе биде поинаква од лицето на Бранко Црвенковски, бидејќи е фактот дека токму Заев и Шеќеринска се всушност двајца играчи кои доаѓаат од матрицата на Бранко Црвенковски, односно тие му беа двајца, можам да кажам најблиски соработници…
Едно од барањата на ЕУ кое во последно време постојано се напоменува е имплементацијата на мартовскиот договор и работата на Комисијата за расветлување на фактите од 24-ти декември. Јавноста беше сведок на тоа дека со многу тешкотии двете партии ја отпочнаа работата на комисијата, а потоа се закочи целиот процес. Грција претходно го закочуваше процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, ставајќи го во преден план порашањето за името, сега во преден план се става т.н. немање на доволен демократски капацитет на Македонија, а се чини дека со кочењето на работата на Комисијата директно се дава аргумент на нашиот јужен сосед и се остава простор за маневар. Кој е вашиот став околу ова прашање, какви импликации би можело да има ваквото закочување?
-Јас веднаш после настаните од 24 декември, коментирав дека за расветлување на овие немили настани кои се случија во Собранието и надвор од него, што е можно поскоро треба да се расветлат фактите, да се утврди вистината, со цел да не дојде до злоупотреба на овој настан во пошироки рамки, како на внатрешен план, така и на надворешен. За жал оваа ситуација се пролонгира, се отворија голем број комбинаторики околу тоа како да се излезе во пресрет на надминување на оваа ситуација и на крај се одбра едно решение, кое по мене е прилично несреќно околу оваа експертска комисија, бидејќи не се работи за експертска комисија во вистинска смисла на зборот- кога имате високи партиски функционери во самата комисија, експертизата секогаш доаѓа на втор план, а партиските интереси секогаш се ставаат пред експертските ставови. Мислам дека целата работа на некој начин се изјалови.
Требаше да се реагира многу побрзо, во рамките на Собранието, да се формира анкетна комисија која требаше да ги утврди фактите и во нејзини рамки да се формира работна група која ќе беше составена од независни експерти, кои ќе предложеа одредени заклучоци на анкетната комисија и таа ќе можеше да разгледува независен материјал по кој требаше да расправа и самото Собрание. Меѓутоа се случи тоа што се случи, оваа комисија како што видовме беше соочена со проблеми на конституирање и проблеми со оставка на претседателот и неможност да се заврши работата на комисијата. Тоа негативно се одразува на внатрешен план бидејќи се повеќе се поларизираат политичките страни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се на различни стојалишта во однос на ова прашање, меѓутоа тоа се злоупотребува на меѓународен план.
Тоа е дежурно оправдување на Грција да посочува со прст против Република Македонија, дека немаме демократски капацитети и сила да ги надминуваме внатрешните проблеми, туку тоа е се повеќе и алиби и на Европската унија да укажува на нашата демократска слабост и незрелост во оваа смисла. Мислам дека настаните околу оваа Комисија ќе бидат злоупотребувани, тоа требаше да го знаат самите политички партии и да ги предвидат работите, меѓутоа сега за жал работите се ескалирани до тој степен да нема враќање назад. Можно е тоа да се одрзи и на есенскиот извештај на Европската унија, во смисла на негативни поени за Македонија, а како што гледаме тоа е и дежурно алиби на Грција за тоа дека Македонија не е демократски способна да си ги надминува своите внатрешни проблеми.
Македонија покажа дека е конструктивна со испратеното писмо и фрлената ракавица на премиерот Груевски до грчкиот колега. Според многумина, Самарас испрати очекуван одговор. Како вие го толкувате одговорот на Самарас, дали можеби има некоја скриена порака, дали можеби Грција се плаши од можноста спорот да биде затворен?
-Факт е дека Македонија мораше во минатото, но и во иднина да постапува конструктивно кога се работи за проблемот со името, бидејќи од друга страна е факт дека Грција никогаш нема да биде доволно подготвена да седне и да се соочи со нас, нашето постоење и со нашето егзистирање како држава, како народ и нација. Ние мораме постојано да наоѓаме нови и нови начини и модуси на ставање на ова прашање на маса и да бидеме постојано конструктивни играчи, бидејќи доколку ние се пасивизираме дефинитивно тоа ќе биде многу подобра позиција за Грција отколку за нас. Одговорот на Самарас беше очекуван, јас ништо повеќе не ни очекував од овој официјален претставник на грчката Влада, затоа што е факт дека Грција никогаш ниту ќе настапи конструктивно, ниту пак ќе даде некакви добронамерни идеи за решавање и надминување на проблемот за името.
Факт е дека Република Грција не сака да го реши овој проблем затоа што не оди во прилог на внатрешната политика, меѓутоа и на она што претставува добитна комбинација за секоја политичка партија особено кога се оди на избори. Македонија проблемот со името им е добитна комбинација на сите политички партии, така што сосема е нелогично да се очекува дека било која политичка партија ќе сака да го реши и да го надмине овој проблем. Без разлика на нивните внатрешни позиции во врска со нас, ние мораме постојано да бидеме проактивни, постојано да даваме свои предлози, идеи, ставови или свои коментари во врска со нивната политика и нивниот официјален став, бидејќи гледаме дека таму нема некои посебни разлики, со цел постојано да бидеме актуелни и пред европската и пред меѓународната јавност во смисла на нашата добронамерност, посветеност на овој проблем и едноставно дека сме добрата страна за надминување на овој проблем.
Да не бидеме посочени како постојан кочничар или проблематична земја која не сака да го реши проблемот. Тоа е во смисла на политичка игра и политичка тактика, а како ќе се надмине тој проблем, за тоа има бројни опции. Јас една посочив во 2009 година, можеби треба да се седне со офицјалните претставници на ЕУ и преку директни преговори да се пронајде одреден модус за тоа како да се искристализира нов пат или траекторија на движење во смисла на пронаоѓање на заедничко прифатливо решение. Поинаква состојба не можам да прогнозирам, Факт е дека преговорите кои се водат пред Обединетите нации веќе премногу се одолговлекоа и добија анемична содржина, па затоа е добро да се вклучат и официјалните претставници на ЕУ во целиот овој проблем, а се со цел да се даде еден нов импут или нова енергија во расветлување на случајот.
Во едно од вашите претходни интервјуа, во периодот непосредно по 24-ти декември тврдевте: „СДСМ ќе мора да помине низ внатре-партиска катарза, тоа е повеќе од очигледно. Ќе мора вистински да се демократизира, ќе мора да ја избрише „шминката“  од лицето и да направи целосен надворешен лифтинг и внатрешно ревитализирање“. Дали сметате дека со донесувањето на чело на Заев и Шеќеринска конечно е завршена демократизацијата на опозицијата и што може да се очекува од новото раководство? Какво ќе биде влијанието на Црвенковски врз новото раководство?
– Проблемот со демократизирање на опозицијата е многу поширок од она што претставува демократизирање на СДСМ, бидејќи јас опозицијата не ја гледам само преку СДСМ туку има многу други голем бој на играчи во таа опозиција, меѓутоа кога зборуваме за демократизација во СДСМ, дефинитивно треба да се остави малку време, да се види што таму всушност се случува, бидејќи јас не мислам дека само кадровските промени ќе доведат до вистинско демократизирање на оваа најголема опозициска партија. Во овој период кој што помина СДСМ се соочуваше само со внатрешни промени во смисла на кадровски решенија, меѓутоа ништо конкретно од аспект на давање на увид на јавноста на некои нови политички понуди, нови политички содржини кои што би можеле да се спротистават на конкретната владина програма и од тука се уште сакам да оставам малку време, еве можеби есенва ќе излезат со тешка артилерија или можеби ќе не изненадат во понудите, меѓутоа дефинитивно сметам дека демократизацијата во СДСМ не може да се одвива само преку кадровски решенија. Потребно е вистинско како што веќе споменав внатрешно ревитализирање, воспоставување на нова матрица на делување, воспоставување на нов стајлинг, нов начин на размислување, користење на алатките на новата социјалдемократија, значи многу работи таму треба да се реформираат. Прашање е колку она што како зафат реформски сега се направи, сето тоа ќе го апсорбира или можеби ќе останат некои работи за на есен.
За поздравување е промената или одењето на поранешниот лидер и замена на негово место со нов лидер, меѓутоа се поставува прашањето колку од овие двајца престолонаследници на Црвенковски навистина ќе можат да воспостават една нова политика која што ќе биде поинаква од лицето на Бранко Црвенковски, бидејќи е фактот дека токму Заев и Шеќеринска се всушност двајца играчи кои доаѓаат од матрицата на Бранко Црвенковски, односно тие му беа двајца можам да кажам најблиски соработници и колку тие ќе успеат да се наметнат на политичката сцена како луѓе кои што знаат да мислат со своја глава или кои што знаат да инсталираат свои политики и свои идеи во реалноста, затоа би им дала време, да видиме како ќе успеат да го изменаџираат, доколку знаат како да го изменаџираат и од тоа многу ќе зависи дали навистина СДСМ поминала низ некоја внатрешна катарза или се работи повторно за еден лифтинг за промена на една шминка и ништо повеќе.
Дефинитивно СДСМ мора да ги научи грешките, врз нивна основа да воспостави некои нови правила на игра бидејќи онаа политика која што ја водеше до 24 декември и потоа, со повикување на различни бунтови, со повикување на граѓаните на улица не вроди со плод. Политиката не сака делување на ирационални активности односно не сака делување на ирационалното туку на рационалното, на разумното, на толерантното и на разговорот односно преку дијалог да се дојде до решенија. Тоа е она што и недостасуваше на политиката на претходната гарнитура на СДСМ, се надевам дека сега ги научија старите грешки и врз основа на нив ќе научат како да ги постават новите правила на игра. Останува да видиме како тие ќе се справат со новите менаџерски улоги. Кога мислам на менаџерските улоги мислам на улогите на двајцата, еден лидер во сенка и еден во вистинска смисла на лидер и да видиме што тие ново ќе понудат на политичката сцена.
Јавноста е сведок на тоа дека оние луѓе кои што СДСМ неосновано ги отфрли од своите редови формираа свои партии. Дали сметате дека летаргичноста која очигледно се уште владее во редовите на најголемата опозициска партија би можела да претставува шанса за Бучковски и за Јакимовски?
– Една од грешките кои што ги направи СДСМ е тоа што со голема леснотија отфрли исклучително реномирани и афирмирани личности од својата партија. Ако ги прашате социјалдемократите тие ќе ви кажат дека постојат силни причини за тоа, меѓутоа во политиката особено во партиското живеење, најлесно  е да се исклучат членови, а најтешко е да се задржат особено оние кои што се условни еретици, луѓе кои што поинаку мислат од лидерот затоа што во крајна линија ако сакате да воспоставите вистинска внатрепартиска демократија морате да ги зачувате токму оние луѓе кои што критички се насочуваат кон вас, односно кон вашата политика и еднастовно ви даваат или ви покажуваат на некои алтернативни патишта, бидејќи токму во алтернативата можат да се бараат излезните решенија за кризата на вашата партија.
Тогашното раководство на СДСМ ги исклучи овие, но и уште многу други познати политичари од СДСМ што мислам дека беше грешка, затоа што во Македонија не се отвори простор да се развијат фракционерствата, како што тоа се прави во сите познати западни демократии, туку едноставно се тргнаа луѓето настрана со цел да си формираат свои политички партии и на тој начин да го манифестираат својот политички поглед, своето политичко мото. Тоа не е добро за партијата од каде што тие излегле, затоа се вика партија, каде вие оставате простор на ралични мислења на различни ставови, така што преку различното вие го градите вашиот идентитет и вашата коњуктура како партија.  Сега со овие нови партии многу е важно како овие двајца лидери би се однесувале на политичката сцена. Факт е дека Бучковски нешто како да се откажа од таа лидерска позиција воопшто од таа идеја за формирање на политичка партија, не знам што се случува со господинот Стевчо Јакимовски, меѓутоа мислам дека на Македонија не и се потребни многу политички партии, бидејќи таа веќе ги има повеќе од  триесет што е голема бројка за една мала држава како Македонија.
Мислам дека треба повеќе да се работи на фракционерството и на засилување на таа критичка енергија во политичките партии дури и во ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да се оди на едноумие и на еднострано гледање на работите, туку мора да се развива критичка енергија, различни ставови и мислења  да циркулираат внатре во партијата бидејќи тоа е здраво за секоја партија и одтука мислам дека таквите кадри мора да бидат задржувани во сите партии и едноставно да бидат основа врз која што ќе се гради програмата или понатамошните чекори на делување на секоја политичка партија. Во критиката и во аналитичноста всушност се наоѓа успехот на секоја политичка партија.
Превземено од. Курир„Грција не сака решение за името, нефункционирањето на Комисијата за настаните од 24-ти декември можно е да се одрази и на есенскиот извештај

Пронајдете не на следниве мрежи: