Карактеристики кои најмногу ги нервираат хороскопските знаци

Можеби не верувате во хороскоп кога станува збор за љубовна прогноза, здравје или пари, но тешко е да негирате дека секој знак има свои препознатливи карактеристики.Меѓу тие се наоѓаат и работи кои ќе го натераат припадникот на одреден знак да ја прекине врската со вас – еве кои се тие. 
Овен – неенергичност
Некои од нас сакаат да го поминат целиот ден во кревет, гледајќи серии, а ако сте еден од тие, вашата врска со Овенот има мали шанси да успее. Овните не поднесуваат мрзеливост и таквото однесување го сметаат за залудно потрошено време.
Бик – нестрпливост
Биковите се темелни и сакаат да имаат време за донесување на секоја одлука, а доколку ги брзате и ги притискате за некои работи, тие ќе си заминат од вашиот живот.
Близнаци – некомуникативност
Недостатокот на комуникација е чест проблем во врските, но во врската со Близнаците тој е едноставно недопустлив. Тие не го гледаат тоа како недостаток на комуникација туку како и недостаток на љубов.
Рак – бесчувствителност
Раковите едноставно не поднесуваат да бидат во врска со некој кој не покажува доволно чувства или емпатија. Чувствата за нив претставуваат храна, а доколку не ја добиваат истата од врската, тие си заминуваат без размислување.
Лав – незаинтересираност за изгледот
Лавовите не се површни, но сакаат да изгледаат дотерано. Доколку се во врска со некој кој потполно го занемарува својот изглед, тие нема да издржат долго.
Девица – површност
Доколку немате способност за водење на длабоки и комплексни разговори, а единствените интереси ви се гледање телевизија и трошење на парите, нема долго да издржите со Девица.
Вага – агресивност
Вагите се склони кон избегнување на конфликт, а доколку се во врска со некој кој тоа постојано го бара, ќе започнат да бараат нов партнер.
Шкорпија – нестабилност
Доколку ѝ ветите на Шкорпијата дека ќе направите нешто, а потоа го занемарите тоа, ќе ја изгубите нејзината доверба. По неколку неисполнети ветувања, ќе ја изгубите и нејзе.
Стрелец – несигурност
Стрелците се самоуверени и сигурни во себе, а доколку покрај себе тие имаат некој кој не е таков, тие брзо губат интерес бидејќи сакаат партнер кој има слични размислувања.
Јарец – преправање
“Глумењето” на нешто што не сте може да пројде кај повеќето хороскопски знаци, но Јарецот тоа го сфаќа многу сериозно и ќе сака да се оттргне од вас во моментот кога ќе сфати што правите.
Водолија – недостаток на толеранција
Водолиите се отворени кон сè и сакаат да им дадат слобода на другите да живеат онака како што сакаат. Затоа овој знак ќе ви замери на секој обид нешто да оцените како погрешно само затоа што не ви се допаѓа.
Риби – злобност
Никој не сака злобни луѓе, а посебно не Рибите кој на таквиот прв знак ќе решат да “отпливаат” во друг правец.Меѓу тие се наоѓаат и работи кои ќе го натераат припадникот на одреден знак да ја прекине врската со вас – еве кои се тие. 

Пронајдете не на следниве мрежи: