Самовилите се едни од најприсутните и најпопуларните митски суштества застапени во нашите верувања и во усната традиција. Тие во поголема или помала мера се познати скоро кај сите словенски народи, но посебно се присутни во верувањата и во народната традиција кај јужнословенските народи.Во македонските верувања и во усното творештво самовилите се познати со неколку имиња најпознато и најпроширено е името самовила, па потоа следуваат имињата самодиви, јуди и мајки но името мајки се среќава многу ретко.
Тие се исклучиво митски суштества од женски пол. Децата на самовилите се исто така од женски род и се раѓаат по вегетативен пат. Машко дете може да роди само од врска со смртен човек, но не останува во женското општество на самовилите.
Мажите кои доаѓале во допир со самовили,како резултат на тоа се здобиле со извесни својства и моќ, коишто обичните мажи ги немаат.Самовилите за своите партнери обично избирале млади, убави здрави и силни мажи во прв ред меѓу планинските овчари.
Според некои верувања обично се појавувале ноќно времево женски облик а преку деот во вид на бура,луња. Воовој слушај се верува дека самовилите летаат во бурата а тоа од друга страна значи дека неа ја користат за средство за движење.
Обично за нив се зборува како за многу убави суштества. Основните елементи кои ги среќаваме кога станува збор за убавината се лицето, кое е многу убаво, очите кои се модри или зеленкасти, косата кои во некои случаи е црвена, долга и никогаш не ја скратуваат и ја пуштаат да расте до земја. Но целата оваа убавина ја расипува појавата на козји копита, тоа се зооморфни елементи кои се однесуваат на на нозете. Од другите зооморфни елементи се крилјата со кои тие слободно летаат.
Во верувањата на самовилите познати се исто така и таканаречените свадби на самовилите. Случајно сретнатиот човек го даруваат и му даваат да пие вино од букле а тој невестата ја дарува со пари. Тоа значи дека човекот е поканет на свадбата.Веселбата му се чини дека ена некој познат, тој останува со нив додека не пропеат петлите. Тогаш завршува и самовилската свадба.
Исто така е познато и нивното магично и волшебно пеење. За нивниот прекрасен глас се верува дека оној кој ке го слушне потоа нема да биде во состојба да слуша човечки глас.Гласот на самовилата мое да предизвика кај човекот лудило, ако не се заштити со затнување на ушите. Тие не трпат подобри пејаци од себе.
Самовилите се појавувале во невидлив облик:
1. Во вид на невидлив дух
2. Во вид на женски невидлив дух со натчовечка сила
3. Во вид на сенка
4. Самовили во облик на животни:
a) Самовили во облик на пиле, односно врапче
b) Самовили во облик на пеперутка
5. Самовили во облик на атмосферски појави:
а) во вид на ветришта, ветер
б) во вид на бура, луња
6. Самовили во облик на други митски суштества на пример, наречници и ѓаволи.
Нашиот народ во минатото длабоко верувал во нивното постоење. Според некои информатори, тие постоеле се до Втората светска војна. По војната самовилите исчезнале и самово ретки случаи се верува дека постојат.Во македонските верувања и во усното творештво самовилите се познати со неколку имиња најпознато и најпроширено е името самовила, па потоа следуваа