Караванот на Народна банка во ООУ „Никола Петров-Русински“ – Русиново, Берово

По повод одбележувањето на 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија, Народната банка организира активности под мотото „Запознајте ја централната банка“ и има за цел да ја приближи Народната банка до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на делување на институцијата, нејзината улога и значењето што го има во домашната економија.ООУ „Никола Петров-Русински“ е меѓу десетте избрани училишта кое беше посетено од претставници на Народната банка на 30 септември 2016 година во рамки на организираниот Kараван на Народната банка за финансиска едукација.
Целта на овој караван е ширење на финансиската едукација и доближување на Народната банка и до учениците од најоддалечените и рурални средини.
Презентацијата со задоволство ја посетија учениците од VII, VIII и IX одделение, кои се стекнаа со знаења за функционирањето на Народна банка: кој раководи со неа, од кога денарот е воведен како валута во Р. Македонија, како се изработуваат банкнотите и монетите, со поимите инфлација и дефлација и сл.
На крај на присутните ученици им беа доделени скромни репрезентативни и едукативни материјали.ООУ „Никола Петров-Русински“ е меѓу десетте избрани училишта кое беше посетено од претставници на Народната банка на 30 септември 2016

Пронајдете не на следниве мрежи: