Караванот за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре во Берово Во рамките на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре (20.04.2016 година)- среда, во Бизнис инкубаторот во Берово ќе се одржи презентација на проектот на Владата на РМ со почеток во 17,00 часот.
Настанот е од отворен карактер и на него сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности, како и да ја проследат презентацијата на понудата на државни плацеви во Општина Берово и Општина Пехчево.
Во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните Владата со овие два проекта, сака да им помогне на граѓаните кои за првпат го решаваат станбеното прашање.Во рамките на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре (20.04.2016 година)-