Кардашијан и Кање сакаат модерно бебе

Ким Кардашијан и Кање Вест сакаат да го облекуваат своето бебе во кожни пантолони. Старлетата и раперот веќе имаат големи планови за нивното сеуште неродено бебе како да изгледа модерно токму како нив.
Во шоуто „Jimmy Kimmel Live“, Ким рекла:
„Оние кои го познаваат Кање, знаат колку многу знае за модата, така што мислам дека ќе прави облека специјално наменета за бебето и мислам дека тоа ќе бидат навистина забавни работи“.
На прашањето каква облека или модерни додатоци бебето би носело, Ким додаде:
„Ланци…кожни пантолони…“.
Иако бебето не било планирано, Ким вели дека Кање е пресреќен што ќе стане татко за прв пат. Таа рече:
„Разговаравме за тоа, но беше пријатно изненадување. Тој е премногу возбуден и навистина е слатко колку многу е среќен за бебето“.
Гламурозната 32 годишна бринета исто така откри дека веќе закажала термин за преглед, на кој ќе го дознаат полот на бебето, па што побрзо да се фрлат на работа и да смислат каква облека ќе подготват за бебето.
Ким објасни:
„Имам уште една недела или две. И да, навистина сум возбудена и едвај чекам да дознаам“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ким Кардашијан и Кање Вест сакаат да го облекуваат своет

Пронајдете не на следниве мрежи: