Каролина Гочева: „Песните за „Македонско девојче“ ги создававме 2 години!

Имав доволно време да ги подготвам и да ги почувствувам песните, зашто овој албум, „Македонско девојче 2“, долго го работевме.Песните ги создававме, можеби, две години. Навистина ги чувствувам како дел од себе
„Македонско девојче 2“ е веќе Вашиот втор албум со нови песни во манириот на народната песна. Каролина не се откажува од својата поп-музичка дефиниција, но очигледно се чувствувате пријатно во звукот на народната музика?- Точно, ова е мојот втор албум со песни во духот на народната песна, всушност повеќе на староградската музика. Но, сепак, морам да потенцирам дека и овој пат тоа не се класични фолк-песни, иако публиката што ги слушнала, тоа веќе го знае. Така беше и со првиот албум, а и во песните во вториот албум со авторот Николче Мицевски се договоривме да не инсистираме на класичните фолк-елементи. Она што сакавме да го постигнеме со овој албум е да се забележува и препознава мојот интерпретаторски печат. Мислам дека успеавме во тоа. Имав доволно време да ги подготвам и да ги почувствувам песните зашто овој албум долго го работевме. Со Николче ги создававме песните можеби две години. Навистина ги чувствувам како дел од себе.

По „Македонско девојче 1“, во меѓувреме испеавте и обработки на стандардни македонски песни. Каде е поголемиот предизвик за еден пејач во интерпретацијата на музика во фолк-манир: кога се пее обработка, или кога се почнува од почеток, со нешто сосема ново, а да звучи како „старо“?
– Предизвикот за секој пејач кој долго време опстојува на сцената е еднаков, што и да пее – а тоа е да се почувствува неговиот личен печат, неговиот карактер, неговиот стил. Кога ќе се слушне првиот тон, да знаат кој го пее тоа. Уште на концертот за „Македонско девојче 1“, освен песните од албумот, пеев и сет на обработки на народни песни (за кои новите аранжмани ги направи исто Николче Мицевски). Потоа и за други проекти испеав други обработки, како „Дафино вино црвено“, „Со маки сум се родила“… и мислам дека тие мои изведби веќе се препознатливи и прифатени од публиката.Овој пат ќе одржите серија концерти во салонот на МОБ, од 20 до 24 февруари со песните од новиот албумот. Дали таква серија на концерти бара посебна подготовка за еден пејач?- Ова нема да ми биде првпат да пеам на концерти од ден во ден. За еден професионален и посветен интерпретатор тоа не би требало да биде проблем. Па во светот се прават турнеи, со концерти секој ден во друг град, на стотици километри оддалеченост. Значи пејачите не само што треба да го изнесат гласовно концертот, туку и патуваат. Во секој случај, интензивно работиме на пробите за концертот. Иако песните ми се сосема „сродени“, сепак концертните проби бараат посебно внимание. Веднаш по концертите албумот „Македонско девојче 2“ ќе биде во продажба, а сите што ќе дојдат на концертите со купени билети, ќе го добијат албумот бесплатно. 
Извор:utrinski.mkПесните ги создававме, можеби, две години. Навистина ги чувствувам како дел од себе

Пронајдете не на следниве мрежи: