Општина Карпош ќе добие нова сообраќајна артерија на својата територија. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го најавија проширувањето на улицата ,, Васил Чакаларов’’ , како сообраќајно продолжение на ул. Теодисиј Гологанов. Со ова проширување се предвидува изградба на нова лента на ул. Васил Чакаларов во должина од 200 метри пред раскрсницата на ул. ,, Теодисиј Гологанов’’ , ул. ,,Васил Чакаларов’’ и ул. ,, Московска’’.- Овој зафат иако мал во должина, е голем по своето значење , не само за протокот од сообраќајот на возилата кои што доаѓаат надвор од Општина Карпош, туку и за сите оние граѓани кои сообраќаат од западниот дел на Македонија, бидејќи ова е практично главната влезна артерија кон централното градско подрачје во Скопје. Со ова се овозможува и многу помало загадување за жителите кои живеат околу оваа раскрсница, што значи има посебно влијание врз еколошкиот живот на граѓаните кои живеат во овој дел од Општината, истакна градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Заблагодарувајќи му се на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, за помошта при средувањето на имотно – правните односи, градскиот татко Коце Трајановски напомена дека со овој инфраструктурен зафат ќе се растовари метежот кој се создавал на оваа сообраќајница.
– Целата оваа инвестиција ќе чини 3,5 милиони денари и истата ќе биде обезбедена од Ј.П. ,, Улици и Патишта’’. Морам да напоменам дека ова лето Градот Скопје има интензивни градежни активности во сите свои 10 општини, па така и овој пат во соработка со Општината Карпош ќе придонесеме за поголема проодност на сообраќајот во овој дел од градот на територијата на Општина Карпош, прецизираше првиот човек на Град Скопје Коце Трајановски.
– Овој зафат иако мал во должина, е голем по своето значење , не само за протокот од сообраќајот на возилата кои што доаѓаат надвор од Општина Карп