Општина Карпош активно се вклучи во рамките на саемот за недвижнини- „Реалекспо“, кој втора година по ред се одржува под покровителство на Министерството за финансии. Општина Карпош учествува со свој штанд под мотото ,, Карпош- најпосакувано место за живеење’’.Претставниците од Општината, на заинтересираните граѓани им ги доставуваа соодветните информации, во однос на недвижнините на територијата на Општина Карпош. На тринаесеттиот Саем за градежништво, и шестиот по ред Саем за недвижнини – „ Реалекспо“, кој ќе трае до петти овој месец, и се одржува на Скопски Саем учествуваат 14 општини од Република Македонија кои ќе понудат плацови за изградба на куќи.
Истите се во рамките на владиниот проект ,, Купи куќа за млади’’, кој се однесува на лицата до 35 години, со цел да го решат станбеното прашање со субвенции доделени од Владата на Република Македонија.
Саемот ќе биде отворен секој ден од 10:00 до 19:00 часот, и на него се очекуваат над 15.000 посетители од цела држава.Претставниците од Општината, на заинтересираните граѓани им ги доставуваа соодветните информации, во однос на недвижнините на територијата на Општи