Под мотото ,, Биди умен, и кога возиш, и кога шеташ“, административците од Општина Карпош се приклучија на Европската недела за мобилност. По тој повод градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски даде изјава за медиумите.- И ние како локална самоуправа се приклучуваме на овој Меѓународен ден на кој се вози без автомобили, со цел да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните на Општина Карпош, и свеста за важноста од зачувување на животната средина. Со вработените од Општина Карпош бевме договорени да дојдеме сите на работа пеш или со велосипеди, но само 30% го испочитуваа претходно договореното. Заради тоа, административците на Општината секој месец, еден ден ќе доаѓаат на работа со алтернативно превозно средство, наместо со автомобил . Ги повикувам и сите граѓани на Општината да одат пеш на работа или со велосипед , и на тој начин преку максимата ,, Мисли глобално, дејствувај локално“, да дадат директен придонес во заштитата на животната околина, прецизираше првиот човек на Карпош Стевчо Јакимовски.
Вработените административци од Општина Карпош, предводени од градоначалникот Јакимовски со своите велосипеди, упатувајќи се преку ул. Карпошово востание, низ ул. Бледски договор, движејќи се по бул. 8 Септември и улицата Јуриј Гагарин, ја завршија својата маршрута кај споменикот на Кузман Јосифовски – Питу, во населбата Козле. На овој начин карпошовата администрација испраќа порака за предноста од користење на алтернативните видови на транспорт.
– И ние како локална самоуправа се приклучуваме на овој Меѓународен ден на кој се вози без автомобили, со цел да ја подигнеме еколошката