Првaтa детскa aмбaсaдa вo светoт – МЕЃАШИ, денеска го презентирaше извештајот за работа на СОС телефонот за деца и млади за периодот од јануари 2015 до 30 ноември 2015 година.Проектот се реализираше и во Општина Карпош во кој се вклучени децата од големите групи од градинката ,,Распеана Младост’’. Во рамки на денешната средба, малите карпошани од градинките „Распеана Младост“ и „Детска радост ги изложија своите цртежи на тема „Јас и мојот родител можеме многу“.
На прес-конференцијата на која присуствуваа и претставници од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, новинарите и јавноста беa информирани за состојбата со остварувањето на правата на децата според податоците добиени од СОС телефонот за деца и млади. На работната средба беа изложени и активностите од проектот „Одговорно родителство“ кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Присутните беa информирани за активностите на проектот „Одговорно родителство“ со кој се става акцент пред сè на создавање поволна средина за учество на родителите во училиштата и градинките. За таа цел, јавноста беше информирана за можноста за потпишување на петиција за да се започне со иницијатива за формирање на Национален совет на родители, кој е важен дел во рамките на овој проект.Проектот се реализираше и во Општина Карпош во кој се вклучени децата од големите групи од градинката ,,Распеана Младост’’. Во рамки на