Две ученички од ООУ „Владо Тасевски“ (општина Карпош), заедно со својот ментор ќе ја претставуваат Македонија на „дебатата на Фондот за оддржливо живеење“ која ќе се оддржи во Дубаи од 18 до 21 април годинава.По повод меѓународниот натпревар за есеј на англиски јазик на тема „Дали градовите се оддржливо место за живеење”, четвртоодделенките Елена Петрушевска и Диона Јосифовска под менторство на „Teacher Champion“ Виолета Панев, се стекнаа со наградно признание во првата категорија на ученици до 11 години.
Меѓу другото, Елена и Диона заедно со својата наставничка Виолета се наградени со „Honourable Mentions Certificates“ и „Teacher Champion Certificate“. Воедно, тие се поканети на церемонијата на доделување на признанијата во Дубаи, каде овогодишен домаќин е јазичното училиште на англиски јазик„ Јумеира“. Литературното есеј на тема „Дали градовите се оддржливо место на живеење“, ги опишува чекорите и мерките што земјите во светот треба да ги превземат, со цел да се постигнат целите во рамките на еден глобален оддржлив развој.
Учесниците, во рамките на програмата ќе имаат можност да присуствуваат на меѓународната училишна дебата и директно да придонесат во остварувањето на глобалните цели за оддржлив развој. Нашите претставници, ќе учествуваат во работилниците и дебатите со ученици ширум светот од преку 70 земји учеснички, како и на работилниците организирани од врвни експерти. Ќе се говори на темата „Одржливост на ресурсите“, а во рамки на практичниот дел, ќе следува специјалната програмска едукативна посета во Дубаи и соларниот град Масдар.
– „Особено не радува фактот што доаѓаме од општина Карпош, која е предводник во енергетската ефикасност во Македонија и честопати црпиме искуство и знаење од многуте активности организирани во рамките на еко- целите на нашето училиште и општината” – велат учениците.
Дебатата на Фондот за оддржливо живеење“ има силна меѓународна перспектива, која им дава можност на учениците да црпат инспирација и да споделуваат знаење за подобрување на соработката и реализација на агендата на Обединетите Нации за оддржлив развој.
– „Организациите во областа на културата во рамките на ОН оваа декада продуцираа шема на меѓународна имплементација за оддржлив развој” – вели К.Хансен, директорот на Фондот за одржливо живеење кој активно работи во Меѓународниот Институт за оддржлив развој.
Целите за кои се застапува оваа добротворна организација со седиште во Беркшир, Англија се биолошки, растителен и културен диверзитет како и климатска стабилност и регулирање на балансот во еко-системите. Таа се залага за разбирање и зголемувањето на свеста за оддржливоста на живиот свет, конзервација на видовите и ботаничките градини, баланс на развојот на технологијата и човечките потреби.
Посебен акцент се поставува на одржливоста на сите алки на социјалното и општествено битисување и енергетските извори во економијата, мултикултурното образование и многујазичноста преку високо- квалитетно образование. Овој центар кој располага со дождлива шума и уникатни растителни и животински видови, досега го посетиле 82.000 посетители.По повод меѓународниот натпревар за есеј на англиски јазик на тема „Дали градовите се оддржливо место за живеење”, четвртоодделенките Е