Каталонија донесе одлука: Референдумот за независност ќе се одржи на 9. ноември

Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Артур Мас, изјави дека во „наредните денови“ официјално ќе побара референдум за независност на таа шпанска покраина.Каталонскиот парламент во петокот усвои закон со кој на пратениците им се дава право да одржат консултации за независност од Шпанија на 9. ноември.
„Тој закон ќе биде искористен во наредните неколку денови за да се закаже гласање на 9. ноември“, рече Мас, а пренесоа шпанските медиуми.
Шпанската влада изјави дека со тоа беше прекршен уставот на Шпанија, а премиерот Маријано Рахој порача дека само централната влада во Мадрид има овласување да распише референдум за прашањата кои се однесуваат на суверенитетот на земјата.
Уставниот суд на Шпанија донесе одлука на 25. март 2014 година дека е најавено одржување на референдум за независност на Каталонија, кој е планиран да се одржи на 9. ноември бидејќи регионот „едноставно не може да распише референдум на кој самостојно ќе одлучи за својата интегрираност во Шпанија“.
Лидерите на Каталонија неодамна упатија поддршка кон сепаратистичкото движење во Шкотска, а по негативниот исход на референдумот, претставниците на Каталонија истакнаа дека не е битен резултатот туку воспоставувањето на праксата на самоопределувањето.Каталонскиот парламент во петокот усвои закон со кој на пратениците им се дава право да одржат консултации за независност од Шпанија на 9. ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи: