Катарина Ивановска конечно прозборе за врската со Столе Стоилов

“Верувам дека љубовта е основа на се во животот. Сум била многу пати вљубена и сега сум вљубена и секогаш ќе бидам. Би излажала кога би кажала дека физичкиот изглед не ми е важен, но тоа е само првиот впечаток и ако остане само на тоа, тогаш врската од почеток е осудена на пропаст”, вели за Вечер манекенката со светска кариера, Катарина Ивановска.Пред извесно време ја основаше својата хуманитарна фондација, а деновиве ја промовираше и модната линија “Парго”. За каква модна линија станува збор?
Катарина: “Парго” е бренд наменет за урбани, шик, модерни девојки и жени. Моите модели се во тек со најновите модни трендови и се единствени, затоа што има повеќе различни модели и принтови, но сепак, најважно од се е што оваа колекција маици се исклучително удобни
Од каде идејата за вакво нешто?
Катарина: Знам дека и кога ќе заврши мојата кариера на модел и манекенка сакам да останам во светот на модата, како и голем број светски манекенки, па токму оттаму произлезе и идејата за сопствена модна линија и сопствен бренд. Во своите модели врежав дел од својата личност, позитивност и сето тоа во согласност со најновите трендови

 
До пред извесен период се зборуваше за твојата врска со ракометарот Столе Стоилов. Никогаш не ја потврди ниту ја демантираше таа вест. Во какви односи сте сега?
Катарина: Столе отсекогаш бил мој драг пријател.
На какви мажи паѓа една од најубавите жени во нашата земја. Со што може да те освои некој?
Катарина: Верувам дека љубовта е основа на се во животот. Сум била многу пати вљубена и сега сум вљубена и секогаш ќе бидам. Би излажала кога би кажала дека физичкиот изглед не ми е важен, но тоа е само првиот впечаток и ако остане само на тоа, тогаш врската од почеток ни е осудена на пропаст. Сакам мажи кои се искрени, со добра смисла за хумор и секако, маж кој безрезервно ќе ме поддржува во она што го работам, ќе верува во мене и во моите фантазии.
Каква е Кики приватно, далеку од рефлекторите и пистите?
Катарина: Како и секоја скопска девојка, лежерна на кафе, со спортски стил на велосипед и елегантна за во театар и кино.
Што мислиш за изборите на мис кои последниве неколку години се организираат кај нас. Мисиците честопати се критикувани. Им недостасува ли нешто на ваквите избори?
Катарина: Немам никакво мислење, затоа што не ги следам изборите за убавина кај нас.
Целото интервју прочитајте го на Вечер.Пред извесно време ја основаше својата хуманитарна фондација, а деновиве ја промовираше и модната линија “Парго”. За каква модна линија ста

Пронајдете не на следниве мрежи: