Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.
По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.
Катастрофалниот земјотрес од 1963 година е последица од големата сеизмичка активност на Скопската Котлина. Имено, оваа котлина како и другите во Повардарието се дел од лабилната Вардарска тектонска зона (плоча) која е на самиот судир помеѓу огромната Африканска и Евроазиска континентална плоча (всушност, целата територија на Македонија, Грција и Турција се во зоната на судирот). Од друга страна, рамката и дното на Скопската Котлина, со раседи се разбиени на голем број блокови кои на подолг временски рок, главно се во стабилна положба. Меѓутоа, со зголемување на тектонските притисоци од соседните области, блоковите постепено стануваат нестабилни, се натрупува вишок на енергија кој се „исфрла“ токму преку појава на земјотрес.
Вакви големи отпуштања на внатрешната (тектонска) енергија, во скопската област се случуваат на околу 500 години, а мали амортизации има на по неколку години или неколку десетици години. Иако појавата на посилни земјотреси тешко може да се предвиди, сепак активноста на раседните пукнатини низ котлината (од Катланово преку подножјето на Скопска Црна Гора, потоа во подножјето на Водно, долж басенот на Маркова Река и др.), може да укаже на сеизмички размрдувања. За такви цели, во светот во последно време се користат современи инструменти кои го следат и најмалото поместување на земјиштето, како и процесите кои се случуваат во земјината кора.
Алтернативни методи пак вклучуваат следење на промените во однесувањето на животните (птиците, змиите, глувците) кои се извонредно осетливи на енергетските „акумулации“ што доведуваат до појава на силен земјотрес. Најдобра превентива сепак е асеизмичко градење на објектите, што за жал во последно време се помалку се практикува токму во Скопје.
Иако во следните 100-тина години тешко дека ќе се повтори сличен силен земјотрес (посилен од 6 степени по Рихтер), сепак не треба да не изненадуваат бројните послаби земјотреси од локално потекло или со потекло од соседните трусни области.На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала